• Latest

Екстерно тестирање: Уставниот суд донесе политичка одлука!

January 19, 2017
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Екстерно тестирање: Уставниот суд донесе политичка одлука!

January 19, 2017 17:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Наставничкиот пленум останува на став дека треба да се укине оваа форма на екстерно тестирање и целта со која се воведе. Тоа што е потребно во образовниот систем во Македонија е екстерно тестирање кое ќе помогне да се дијагностицираат проблемите“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, професорката Фросина Митрушева, член на Наставничкиот пленум. 

Митрушева е со став дека екстерното тестирање претставува политика на притисок.

„И во Министерството за образование се свесни дека не произлегуваат релевантни резултати и дека нема позитивен ефект, но не сакат да признаат дека згрешиле. Сметаме дека одлуката на Уставниот суд за укинување на нашата иницијатива е политичка одлука“, вели Митрушевска, како реакција на последната одлука на Уставниот суд да ја отфрли и втората иницијатива за укинување на екстерното тестирање. Втората иницијатива ја поднесе до судот Наставничкиот пленум во 2016-тата. Сепак, мнозинството од  уставните судии сметале  дека иницијативата  е стара и не е во согласност со Уставот на Македонија.

Фросина Митрушева, Наставнички пленум

Донесувањето на одлуката беше проследено со дискусија меѓу судиите со различни ставови по ова прашање. „Некои решенија се уште важат, а некои – не. На овој начин се создава правна несигурност, која задира во правата на наставниците и на учениците“, истакна уставната судивка Наташа Габер.

За судијата известител Владимир Стојановски, ако претходно Уставниот суд не повел постапка по ова прашање, нема зошто да поведува сега, затоа што според него, ништо не е променето.

Осврнувајќи се на проблематичноста на воведувањето на екстерно тестирање Митрушева, потсети на ставот на Сафет Незири, државен советник во Министерството за образование.

„На дебатата посветена на екстерното тестирање на телевизија Телма, Незири, како трет човек во Министерството за образование, изјави дека не зависи од министерството дали ќе има или ќе нема екстерно тестирање. Ова изјава во најмала рака е чудна, особено кога доаѓа од некој на толку висока позиција во институција која е одговорна за спроведување на екстерното тестирање“, смета професорката. 

Екстерното тестирање оваа година ќе опфати 18.600 ученици од завршните години во средното образование. Поради продолжување на зимскиот распуст, екстерната проверка на знаењето на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.

М. Теговска

Tags: екстерноМакедонијаНаставнички пленумобразованиеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ