Безбедносната помош на меѓународните партнери за Украина не се намалува, туку напротив се зголемува, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот на брифинг во Киев, јави дописникот на Укринформ.
„Не верувајте во озборувања. Ова [намалување на темпото на испораки на оружје] не е точно. Ние продолжуваме да добиваме безбедносна помош од нашите партнери. Таа не се намалува, туку, напротив, се зголемува. Ова е многу чувствителна тема , така што, според нас, тоа треба да го покажат резултатите и победите на нашите вооружени сили“, изјави Јермак на брифингот.
Тој истакна дека на денешната средба со советниците за надворешна политика и безбедност на шефовите на држави и влади на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Унгарија се разговарало за темата за обезбедување на Украина со дополнително оружје. Партнерите ветија натамошна соработка во контекст на обезбедување на вооружените сили на Украина се што е потребно, нагласи шефот на кабинетот на претседателот.
Подготви: Д.Мишев