Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, во објава на Телеграм го коментираше ракетниот напад врз станбените згради во Запорижја, нагласувајќи дека руските терористи се способни да се борат само со цивили, пренесува Укринформ.
„Запорижја. Ракетни напади врз станбени згради. Руските терористи можат да се борат само со цивили. Луди кукавици“, напиша тој.
Јермак рече дека „руското прашање“ мора да се реши „еднаш засекогаш“.
„Ова може да се направи само со сила. Оружје, санкции, изолација. Продолжуваме да работиме. Тотален пораз на непријателот и гонење. Тоа е единствениот начин“, рече тој.
Според прелиминарните податоци, две лица загинале кога во раните утрински часови на 6 октомври, руската армија истрела седум ракети кон Запорижја, при што беа уништени два станбени блока.
. Жителите се заробени под урнатините на уништените станбени блокови.
„Прелиминарните податоци за жртвите од непријателскиот напад! Една жена загина. Друга почина во возило на брза помош. Има најмалку пет лица под урнатините на куќите“, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Запорижја, Олександр Старук.
Како што е наведено, многу луѓе биле спасени, меѓу кои и тригодишно девојче. Детето е хоспитализирано.
Акцијата за спасување е во тек.
Подготви: Д.Мишев