• Latest

Европа се соочува со криза на Балканот, мора да дејствува час поскоро!

February 22, 2018

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европа се соочува со криза на Балканот, мора да дејствува час поскоро!

February 22, 2018 14:27
in ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија не биде решен пред следниот самит на ЕУ за Западен Балкан во мај, тоа ќе резултира со двоен пораз: амбициите на Македонија ќе бидат обесхрабрени, а напорите на Брисел да биде сериозно сфатен во регионот – ќе пропаднат“, пишува бугарскиот аналитичар Иван Крастев.

Ветувањето за членство во ЕУ за државите во регионот е добредојдено, но Русија, Кина и Турција би можеле да создадат нестабилност, пишува за „Гардијан“ Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии, аналитички иниститут во Софија.

„Втората светска војна заврши, но Првата светска војна сè уште не е завршена“. Ова беа зборовите на еден висок претставник на Турција со кого неодамна се сретнав во Анкара. Тој зборуваше за Блискиот Исток, но ист таков коментар можев да слушнам и во Москва, во Киев или на Балканот, за состојбата на европскиот континент.

Единственото место на кое не можев да го чујам ова е Брисел. Затоа што Европската унија сè уште е неподготвена да живее во свет кој ѝсе враќа на геополитиката – во кој владите, како и голем дел од јавноста, се опседнати со граници и територии, и тежнеат да го дефинираат успехот, не толку со економскиот раст, колку со националната гордост.

Таа игра денес се игра на Западен Балкан каде што капацитетот на ЕУ, да размислува и да дејствува како геополитички играч, е сериозно ставен на тест. Претходно, овој месец, ЕУ ја претстави својата нова стратегија за Западен Балкан. Нејзината цел е да ги охрабри реформите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и во Албанија, со обновување на можноста за членство. Тоа што институциите во Брисел, кои се најдоа во екот на популистичкиот пораст што ги погодува повеќето земји на ЕУ, сега се чини дека имаат храброст да го повторат тоа ветување, за членство не е мало чудо.

Еден балкански виц најдобро го доловува начинот на размислување за луѓето што сметаат дека се оставени да чекаат премногу долго: кога станува збор за членството во ЕУ, разликата меѓу песимистите и оптимистите е тоа што оптимистите веруваат дека Турција ќе се приклучи за време на албанското претседателствување со ЕУ, додека песимистите веруваат Албанија ќе се приклучи за време на турското претседателствување со ЕУ. Што значи – никогаш.

Брисел е во право што јасно дава на знаење дека статус кво позицијата е неодржлива. Но, без преземање на конкретни чекори, оваа најава ризикува да произведе нестабилност во регионот. Она од што ЕУ најмногу се плаши е повторување на „украинското сценарио“, во кое поддршката на одделна влада на европските аспирации предизвикува реакција од противниците на проширувањето (читај: Русија), наместо да ги собере европските влади околу проектот.

Многу фактори го вратија Балканот наназад – не само последната бегалска криза, која длабоко го потресе регионот. Сега, постои растечки импулс за поголема интеграција, по еден период во кој ЕУ стана позната како организација што дава малку пари, а бара многу обврски.

Еден охрабрувачки, иако малку забележан чекор напред е неодамнешната ратификација на Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија, две земји чии односи одамна беа проблематични, главно поради малцинските прашања. Со постигнувањето на овој успех, тие сигнализираа дека дојде време да се бараат решенија за некои проблеми во регионот.

Но, за ЕУ да успее во својата амбиција да го трансформира регионот, мора да биде свесна за значајните геополитички промени што се случија. Во 2003 година, кога ЕУ првично го вети членството, се чинеше дека таму има малку сомнежи дека иднината на регионот ќе биде европска. Русија гледаше на Балканот првенствено како на транзитна област за нејзиниот извоз на енергија на западноевропските пазари. Амбицијата на Москва тогаш беше да се зачува одреден степен влијание, наместо да се натпреварува со Брисел.

Пред петнаесет години, Турција беше ентузијаст во врска со своите шанси за пристап во ЕУ. Како резултат на тоа, таа своите балкански политики ги обликуваше на начин на кој ќе ја покаже сопствената стратегиска вредност за Европа. Тогаш, никој не зборуваше за Кина на Балканот.

Денес, геополитичката конкуренција е распространета. Кина годинава ќе стане најголемиот странски инвеститор во Србија. Плановите за изградба на брза железница меѓу грчкото пристаниште Пиреја и Будимпешта, преку Белград, се од огромна вредност за Кина, бидејќи ја остварува нејзината трговска рута – „еден појас, еден пат“, меѓу Азија и Европа. Со надеж дека Западен Балкан на крајот ќе биде интегриран во единствениот европски пазар, Кина не се брза нејзините инфраструктурни проекти да ги почитуваат правилата на ЕУ.

Ова покренува многу прашања. Дали ЕУ треба да почне да ги притиска земјите од Западен Балкан да ги прифаќаат нејзините правила за јавни набавки, сега или подоцна? И дали ЕУ е подготвена да понуди надомест ако овие држави на крајот, ги загубат кинеските инвестиции како последица на интеграцијата во ЕУ? И пристапот на Русија е сменет. Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО – не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот.

И креаторите на европската политика треба да бидат свесни дека ако долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија (поради името на втората) не биде решен пред следниот самит на ЕУ за Западен Балкан во мај, тогаш тоа ќе резултира со двоен пораз: амбициите на Македонија ќе бидат обесхрабрени, а напорите на Брисел да биде сериозно сфатен во регионот – ќе пропаднат.

Балканскиот регион е местото каде што Русија може да работи на дестабилизација на ЕУ со многу мали политички трошоци за себе, и од аспект на парите и од аспект на ризикот од судир со САД. Значи, европската дипломатија мора да ја убеди Москва дека ескалацијата на тензиите нема да биде во најдобар интерес. Дали ЕУ е подготвена за ова?

Потоа, тука е Турција, земја чии односи со ЕУ се на историски ниско ниво. Сè уште не е јасно како нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги мести своите карти на Западен Балкан. Додека Анкара се обидува да стане влијателна кај муслиманските заедници на Балканот, Москва го користи своето влијание врз православните христијани. Можат ли Русија и Турција да ги координираат своите политики, како што се обидоа да направат во Сирија?

Ако ЕУ бавно се буди во оваа нова геополитичка реалност, нејзината стратегија за Западен Балкан ќе заврши со пораз.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БалканЕвропаКинакризаРусија
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ