• Latest
Jpeg

„Европска тројка“: Нема оправдување за тактиката за пролонгирање на формирањето на нова влада!

April 6, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Европска тројка“: Нема оправдување за тактиката за пролонгирање на формирањето на нова влада!

April 6, 2017 11:38
in ПОЛИТИКА
Jpeg

Jpeg

Share on FacebookShare on Twitter

„Како членови на Европскиот парламент кој ги поддржуваше сите  напори за надминување на актуелната криза и кој работеше напорно за поддршка на европската перспектива на македонскиот народ, гледаме со длабока загриженост дека кризата се пролонгира прекумерно, со растечки последици за земјата, вклучувајќи и влошување на меѓуетничките односи“, се вели во заедничката изјава на европските пратеници Едвард Кукан, Кнут Флекештајн и Иво Вајгл, по вчерашната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, каде што се зборуваше за политичката криза во Македонија. Според известувачот за Македонија, Вајгл, однесувањето на Ѓорге Иванов кое „само ја открива неговата партизираност“, екритикувано од ЕУ, САД и НАТО.

„Парламентот не може да биде формиран поради систематските опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов. Неговото однесување беше критикувано од ЕУ, САД и НАТО. Позицијата на Иванов само ја открива неговата партизираност“, истакна во своето обраќање известувачот за Македонија, Вајгл.

Пораката на Кнут Флекештајн е во правец на заложништвото во кое се држи целата земја.

„Лошо е да се држи целата земја како заложник, затоа што не се оствариле очекувањата на една партија за останување на власт“, смета Флекенштајн.

На тоа се надоврзува и европратеникот Едуард Кукан кој посака конечно да го види светлото во тунелот, по неколку години криза во земјата, и го повика претседателот Иванов да го даде мандатот за формирање влада, а Собранието да почне да работи според нормална процедура.

Претставникот на малтешкото претседателство Јан Борг, кој на сесијата говореше во име на Советот на Европската унија, оцени дека „Македонија страда од поларизација и  култура на поделби“. Борг  изрази поддршка за работата на СЈО  и побара новата влада да се посвети на реформите предвидени со Договорот од Пржино и на препораките на Прибе. Во своето обраќање тој изрази поддршка и за улогата на граѓанскиот сектор во земјата.

Претставникот на Европската комисија, еврокомесарот за меѓународна соработка и развој, Невен Мимица се обрати до претседателот Ѓорге Иванов од кого побара да ги почитува резултатите од предвремените парламентарни избори и СЈО да добие време и ресурси да си ја заврши работата.

„Бараме од Иванов да ги почитува резултатите од изборите и да дозволи функционирање на демократијата. Загрижени сме поради потпалувачката реторика на некои политички актери кои ги загрозуваат меѓуетничките односи.  Но, брзото формирање на новата влада нема да биде доволно само по себе, ќе инсистираме на целосно спроведување на Договорот од Пржино и реформи во владеењето на правото“, смета Мимица.

Со спротивни ставови се произнесе само хрватската пратеничка Маријана Петир, обвинувајќи ги САД и Албанија за мешање во политичката ситуација во земјата и ги поддржа протестите против „Тиранската платформа“.

На вчерашната сесија беше предвидено да се изгласа нова парламентарна Резолуција за напредок на Македонија, која претходно во месец март, поради политичката криза во земјата беше одложена. Повторното одлагање е со надеж дека во меѓувреме, Македонија ќе добие влада.

За да биде полноважечка, Резолуцијата мора да биде изгласана од сите 751 пратеник. Резолуцијата нема правно дејство, туку само советодавно им служи на ЕУ-институциите и на земјите-членки на Унијата.

Подготви: Марија Теговска

Tags: Европска КомисијаЕвропски парламентполитичка кризаПржинорезолуцијаСтразбур
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ