• Latest

Кај ќе Ти оди душата, Никола?

June 20, 2016

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кај ќе Ти оди душата, Никола?

June 20, 2016 14:50
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија навистина врие! Државава целата деценија ни е како експрес-лонец, а експремиерот и лидер на владечката партија, реши да го демонтира сигурносниот вентил, со крајно непримерен, хушкачки говор пред своите, сé помалубројни поддржувачи, и да ја турне Македонија уште подлабоко, во живата кал во која се дави веќе десет години…

sinisa-stankovic-500x333
Пишува: Синиша Станковиќ

Еден од наједуцираните македонски новинари, кој за жал, нé напушти пред неколку години (и не може со неговото цинично осило да ја прокоментира трагедијата што ни се случува, како непристрасен сведок на долносувањето на Македонија и на срчосувањето на идејата што секогаш ја протежираше – за земјава како пристојно место за живеење на рамноправни граѓани, во кое владее правото), редовно истакнуваше дека ниедна политичка цел не вреди толку, за неа да се пролее ниедна солза, родителска и пред сé, детска…

Како жител на оваа кутра земја, како новинар, како човек и родител, останав вџашен од неверојатната леснотија, со која лидер на владеачка партија, дури и во една Македонија, нa сé свикната во последнава деценија, како од ракав тресеше закани кон неистомислениците, кои тој ги третира како национални предавници, само затоа што се залагаат за одговорност и очет на аздисаната власт на неговата камарила… Додека истовремено, специјалци повторно го апсеа слободниот збор, само неколку дена откако бодигардовите на Никола Груевски, упаднаа во ТВ станица за да присилат новинари да избришат снимка од нивниот газда…

Човекот, чија бескрупулозна борба за моќ и власт, и неодговорна политичка агенда перманентно го продлабочува(ше) јазот меѓу Македонците и Албанците (користејќи ефтини трикови со ифтарски вечери за купување на наклоноста на Албанците, дел од Ромите, Македонците муслимани), вложи силни напори и за закрвувањето до трето колено меѓу етничките Македонци (преку проѕирниот лов на идеолошки „вештерки“, недугавото фабрикување предавници, странски шпиони и кодоши, карикатуралните обиди за билдање на нов национален идентитет и идиотските поделби на „антички“ и „Славјани“, или, на демек, правоверни и конзервативни, ѓоа демохристијани и сите други – инакумислечки и продемократски, кои сакаат да бидат граѓани, а не молчалив дел дел од „народот“, кој Пастирот го подразбира како стадо…), се надмина себеси во омразата на сите инакви. Цврсто зачекорувајќи и тргнувајќи во марш, од кој може и да нема враќање. По најкусиот пат до детските солзи!

Кај ќе Ти оди душата, Никола!

Како каков-таков политичар, но пред сé, како човек и родител, свесен ли си каде ја туркаш Македонија? Во каква „нова фаза“? Во улична пресметка за спас на неколку стотици алчни јагмаџии?

Повикот на линч на неистомислениците што синоќа на прослава(?!) на 26-годишнината на Демократската партија за македонско национално единство (која ете, четврт век, кукавички се крие зад акронимот што е длабоко врежан во историјата на етничките Македонци), го пласираше експремиерот и партиски лидер Груевски е најблаго речено – соблазнувачки! И не го оправдува ни огромниот страв од губење на фотелјата, која му е единствената преостаната гаранција дека нема да се соочи со недиригирано судство и со слободни медиуми

Македонија навистина врие! Државава целата деценија ни е како експрес-лонец, а експремиерот и лидер на владечката партија, реши да го демонтира сигурносниот вентил, со крајно непримерен, хушкачки говор пред своите сé помалубројни поддржувачи, и да ја турне Македонија уште подлабоко во живата кал во која се дави веќе десет години, во кои слободата стана мислена именка, а до корен партизираната Македонија – темен вилает на едноумието на ДПМНЕ.

DSCN7712

Груевски порача дека илјадници граѓани му побарале поддршка за „порешителна народна акција“, и се закани дека „ако вака продолжат (продемократските сили кои ги нарекува „домашни петоколонаши“ кои ќе доживеат „интервенција на народот“- н.з), колку и јас и моите соработници да сме толерантни, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола. Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да e добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и за туѓи интереси“.

И, како и тоа да не беше отпојќе страшно, Груевски продолжи со закани и кон опозицијата, и кон СЈО, и кон невладиниот сектор, и кон странските „мрачни сили“ – членови на светскиот заговор против библиската земја, и кон илјадниците граѓани кои, конечно ослободени од стравот, со месеци, на улиците бараат тој веднаш да си замине од власта и да се санкционира криминалот на Фамилијата која без исаф ја пљачкосува сé победната Македонија.

Аман доста е, Никола!

Откако ја обезличи до непрепознавање идејата за постоење на ДПМНЕ и го понижи почесниот претседател за да ја востоличиш роднинско-кумовската клика (покојните основачи се вртат во гроб, а дел од живите, Те прозиваат да се покаеш и повлечеш) и си играше дрн-дупка со „националното единство“ на Македонците, жигосувајќи ги сите кои ти побараа отчет за катастрофата која ја живееме, што Ти е следната цел? Обезличување и на она што остана од Македонија, држава која тоне сé подлабоко со секоја измината минута, преку задолжувањето и на генерациите на нашите правнуци, за бесмислениот арч на налудничавите кич-проекти и странски „инвестиции“? Граѓанска војна, скраја да е?

Македонија е одамна на колена, раскрчмена и со неизвесна иднина. Денес и Европејците повторно ќе се обидуваат да ја освежат, колку да и го одложат броењето… Крајно време е да се фрли пешкирот, Никола… Пред да капне првата детска солза. Потоа, сé ќе биде предоцна.

 

 

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕнародот вриеНикола Груевскироденден на ВМРО-ДПМНЕСиниша Станковиќтемен вилает
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ