• Latest

Кабинет на Пендаровски: Алими ги има исполнето предвидените услови за помилување

March 18, 2022

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кабинет на Пендаровски: Алими ги има исполнето предвидените услови за помилување

March 18, 2022 15:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради поголем интерес во јавноста за помилувањата што беа објавени вчера, Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски појаснува дека лицето Абдулфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса.

Во врска со помилувањето на Александар Петровски, во денешното соопштение се појаснува дека потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животнозагрозувачка здравствена состојба. Од кабинетот на Пендаровски велат дека не станува збор за повратник од странски боишта.

– Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот. Постојат два вида на помилување, и тоа редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат Молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до Кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот, а групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден, и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна, се вели во соопштението на Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Потоа, појаснуваат од Кабинетот, исто како и за редовните, предлозите ги доставува Министерството за правда до Комисијата за помилување на претседателот, којашто доставува мислење до шефот на државата поединечно за секој од случаите. Претседателот согласно своите уставни надлежности ја носи конечната одлука.

– Основните предуслови за едно лице да биде помилувано, се во насока на добро поведение, да покажал каење за стореното дело, да почне со отслужување на казната, да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина. Потенцираме дека за одредени кривични дела не е возможно да се бара помилување. Секој случај се разгледува поединечно. Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог, појаснуваат од кабинетот на Пендаровски.

Помилувањето, велат од Кабинетот, е институт кој има корективна функција. Дејствата кои ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната.

– Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги бараат се во животнозагрозувачка здравствена состојба. Потенцираме дека, претседателот Пендаровски најчесто дава делумни помилувања односно 3 – 8 месеци, и тоа во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната, и кога во нивните случаи биле  исполнети горенаведените предуслови, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ