Чеченскиот моќник Рамзан Кадиров му се закани на Володимир Зеленски во неделата и рече дека мисли оти украинскиот претседател има сериозно ментално растројство, пренесува Вашингтон егзаминер.
Кадиров, еден од главните сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, го обвини Зеленски дека има шизофренија и во аудио порака објавена на неговиот профил на Телеграм вели „Ќе завршиме со вас еден од овие денови“.
Лидерот на Чеченската Руска Република одговори на коментарите дадени од Зеленски во неделата во кои украинскиот лидер рече дека неговата земја е подготвена да се бори со руските сили „10 години за да го земе она што е наше“.
„Поздрав до сите. Овде прочитав дека Зеленски најавил подготвеност да се бори 10 години. Ајде, немаме толку време. Ќе завршиме со вас еден од овие денови. Имате шизофренија, мислам“, вели Кадиров во аудио снимката.
Подготви: Д.Мишев