• Latest

Кај плови овој брод?

April 8, 2019

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кај плови овој брод?

April 8, 2019 17:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера во Струмица зборувајќи за промената на името, запраша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.

Сериозно?! Eпа не може, затоа што во Република Северна Македонија живеат и Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Египќани…

Таа додаде дека знае неколку региони во САД кои се викаат Македонија.

И на „Титаник“ кога се качиле некои патници од Македонија ги напишале дека се Македонци. Кога ќе речете Република Македонија тоа значи држава, а не регион. Тие нека уживаат во нивниот регионален идентитет, а ние државниот. Како може да не е од идентитетот нешто со што сум се родила, со што сум се идентификувала“, рече кандидатката за претседател, додавајќи – замислете да треба да докажете дека сте жена или дека сте маж. Навистина се тоа невозможни потфати.

Професорката по право веројатно не е знае дека судот во Стразбур пред извесен период донесе одлука со која ја задолжи нашата државата да плати оштета на трансродово лице, заради родова дискриминација. Време е да научи.

Силјановска вчера одржа митинзи во Радовиш и Струмица. Претходно во Скопје, го посети пазарчето во Ченто, а се сретна и со пензионери во населбата Хиподром.

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, вчера ги повика карпошани да гласаат масовно на претседателските избори.

„Нужно е да излеземе во што е можно поголем број и да дадем потврда на политиките на оваа Влада. Во спротивно Македонија се враќа во темниот тунел на груевизацијата. Би ве замолил за максимална политичка мобилизација во првиот и вториот круг, затоа што заедничката победа нема да дојде сама од себе. Ако некој мисли да не излегува на гласање дека друг ќе заврши работа, или дека разликата ќе биде толкава да можеме да апстинираме овој пат, биде уверени дек може непријатно да бидеме изненадени. Оние кои се против ќе излезат од 7.00 како војска ќе се постројат и ќе гласаат онака како што ќе им каже нивниот лидер. Дека таму постои партиска дисциплина која не води сметка за државните и националните интереси на Република Северна Македонија е јасно, тоа го видовме на референдумот кога им рекоа да не излезат од дома, и тие навистина не излегоа од дома“, порача Пендаровски.

Тој им се обрати на карпошани и рече дека има намера да победи со голема разлика пред Силјановска.

„Во 2016 година победивме многу на малку, 2017 дојдов да му помогнам на еден од најдобрите млади градоначалници. Победивме многу на малку. Ако не победиме, на 21.05 многу на малку, немојте да ми излегувате пред очи“, рече Пендаровски.

Дали е на шага или навистина мислеше така, сепак тоа е недозволиво за еден кандидат кој себеси се смета за европски и модерен. Или кај обичниот народ сè уште поминува она изрека „една шала – пола вистина“.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски вчера оствари средби со граѓаните на Сарај, Чаир, Кисела Вода и Карпош. Во Домот на АРМ се сретна со пензионерите, а потоа учествуваше на базарот „Youth Fest“ и на трибина со млади „Get up, stand up“ во фоајето на Националната опера и балет. Пендаровски се обрати на граѓаните во Чаир и во Кисела Вода, а вечерта на граѓанската трибина во општина Карпош.

На седмиот ден од кампањата, Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, имаше средба со граѓаните на општина Куманово. Гостин на митингот му беше претседателот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти.

Тој пред присутните истакна дека со гласот даден за Блерим Река, Албанците ја искажуваат својата самопочит. Тој верува дека политиките на Река ќе го зацврстат статусот на Албанците во Македонија.

„Големите градови како Охрид, Битола, Велес и Преспа, кои имале доминантна албанска популација, сега се испразнети. За жал во дијаспората има повеќе Албанци отколку во нивните родни градови. Постојат три града Куманово. Еден е во Турција, еден е во Швајцарија и овој овде. Но сите тие три града треба да го искористат правото да одлучуваат за себе и да го направат Блерим претседател. Во режимот на Груевски најмногу страдаа Албанците. Северна Македонија мора да стане живеалиште за Албанците, така што нема да заминат, туку ќе почнат да ги уживаат своите права, истакна Курти на митингот на Река во Куманово.

Ок, откако Курти донесе демократија и правда во неговата држава, дојде да му даде поддршка и на Река. Или, кај него дома, неговиот двор сè уште не е исчистен…

Д. Муратов


Изборна хроника на ЦИВИЛ Медиа е содржина која ја следи кампањата на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на дневно ниво. Сите содржини од почетокот на кампањата може да ги прочитате на следните линкови:

Прв ден: Силјановска се „шегува“, Пендаровски најавува подобар живот, Река – ЕУрека…
Парламентарна кампања на претседателски избори
Кампањи оперирани од срам
Кога Исус одел бос
Изборна географија за европска Северна Македонија
Киднапирана кампања
Траги-комедија во три чина


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ