• Latest

Траги-комедија во три чина

April 7, 2019

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Траги-комедија во три чина

April 7, 2019 19:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чин први – Заспани „мудрости“

„Не јас не сум Офелија, но Хамлет е меѓу нас…“, рече кандидатката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, на синоќешниот митинг во Куманово, акцентирајќи дека земјата е поставена пред предизвикот „да се биде или не“.

Говорот, и овој пат едноличен и репетитивен, а публиката успана… За разлика од останатите досегашни настапи на професорката, овој пат недостасуваше некој од политичко – географските гафови по кои стана препознатлива од почетокот на кампањата.

Повторно ја отвори темата за името и Преспанскиот договор, но веќе ја нема онаа сигурност и уверливост дека таа ќе биде онаа која ќе го поништи овој договор и ќе го врати „името и достоинството на земјата“.

Всушност и во интервјуто дадено за новинската агенција МИА, кое беше објавено вчера таа изјави дека новото име на државата не само што е реален, туку е и правен факт и дека доколку таа дојде на функцијата претседателка веднаш ќе се стави во акција за да го тргне. Оваа нејзина изјава се коси со адутот, односно ветувањето, кое го употреби кога на Конгресот на партијата која застана зад нејзината кандидатура. Ветување за поништување на Договорот од Преспа. И сето тоа зачинето со изјавата дека таа е најдобриот кандидат, затоа што е жена и затоа што жените не лажат. Дали е смешно или трагично проценете сами.

И овој пат, кандидатката Силјановска Давкова, падна во сенка на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во стилот на својот сопартиец, Ѓорчев, кој исто така беше еден од можните кандидати за претседател, кој во своите најубави денови ги соопштуваше резултатите од изборите, ја соопшти убавата вест дека на 21 април Гордана Силјановска Давкова победува на изборите, небаре самиот тој лично го преброил секое гласачко ливче, кое патем, се уште не е ни испечатено…

Мицковски во манирот на парламентарни избори, повторно од уста не го извади својот политички опонент, премиерот Зоран Заев. Овој пат од него побара да се извини за приватизацијата и транзицијата, изјавувајќи дека тој е спремен да ги прифати и да се извини за сите грешки од минатото, барајќи од Заев да се извини за раководењето на СДСМ со државата во време приватизацијата и транзицијата. Она што не успеа да го искористи на овој митинг, и покрај изразената спремност да се извини за грешките, е токму тука, во центарот на Куманово, пред кумановци, да се извини за Диво Насеље, на пример…

Повторно, Мицковски заборави дека ова се сепак претседателски избори, а не парламентарни, па ја искористи можноста да ги промовира и трите начела на партиската програма.

Чин втори – Инструментална заблуда

Кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, шестиот ден од кампањата го помина на митинг во Битола. Митингот започна со интонација на химната на Република Северна Македонија, или на јазикот на Пендаровски, ја испеаја инструментално.

Не е познато зошто, одеднаш, СДСМ се одлучи на менување на концептот на кампањата, кој досега се одржуваше на трибини, каде според Пендаровски, идејата е да се покаже дека тој е еднаков меѓу граѓаните и не сака да им се обраќа од високо кажувајќи им што треба да прават.

Ако за СДСМ и Давкова е карактеристично тоа што секој митинг им е посветен на Преспанскиот договор и името, како и водењето црна кампања против својот опонент, за Пендаровски и СДСМ тоа се оправдувањата за Договорот и секако, неизбежното, НАТО. Всушност и нема ништо чудно, со оглед на фактот дека Пендаровски, пред кандидирањето за претседател, беше национален координатор за НАТО, а и функцијата претседател е тесно поврзана со членството на земјата во НАТО. (Иронично, со оглед на тоа дека актуелниот претседател не направи ништо во врска со истото.) Она што не е вообичаено, и што воопшто не е работа на претседателот на државата, и не спаѓа во неговите надлежности е економијата во земјата, за која Пендаровски одвои неколку минути од својот говор. Повторно заблуда околу тоа какви избори и претстојат на Република Северна Македонија.

Потврда плус за ваквата критика е и присуството на лидерот Зоран Заев на митингот во Битола. Јасна е недвосмислената намера да се даде поддршка за својот кандидат, но нејасна е потребата да заборавиш зошто си дојден таму каде што си, и што е она што треба да го презентираш. Кандидатот за претседател или партиската програма, прашање е сега…

Чин трети – Сигурни сме дека ништо не е сигурно!

Кандидатот поддржан од Алијансата на Албанците и Беса, Блерим Река, без посебни изненадувања, повторно свој меѓу своите.

На митингот во Струга, Река изјави дека негова амбиција е да победи на претседателски избори, бидејќи, како што вели, има најдобар концепт. Ако под тоа подразбира да му се обраќа само и единствено на албанскиот електорат и во средини каде што има претежно албанско население, како што е случај до сега, сам си ја минира амбицијата, од старт.

„Сигурен сум дека ќе поминам во вториот круг. Не сакам да зборувам за тоа кој би можел да ми биде противкандидат, бидејќи јас се грижам за себе, за мојата програма, за моите предвидувања. Мислам дека ќе ги убедам не само албанските гласачи, туку и граѓаните на Северна Македонија од сите националности, дека мојот концепт е исправен и оддржлив“, изјави Река. Не е јасно како планира да го направи тоа, кога се однесува подеднакво исто како и партијата која најмногу ја критикува за време на својата кампања – ДУИ.

Истовремено, тој изјави дека се сомнева дека ќе биде исполнет цензусот за да не пропадне изборниот процес. Па оттука, не е познато во што е посигурен, дека ќе оди во втор круг или дека изборите ќе пропаднат… Малку е неодлучен, а можеби и не!?

Маја Ивановска


Изборна хроника на ЦИВИЛ Медиа е содржина која ја следи кампањата на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на дневно ниво. Сите содржини од почетокот на кампањата може да ги прочитате на следните линкови:

Прв ден: Силјановска се „шегува“, Пендаровски најавува подобар живот, Река – ЕУрека…
Парламентарна кампања на претседателски избори
Кампањи оперирани од срам
Кога Исус одел бос
Изборна географија за европска Северна Македонија
Киднапирана кампања


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ