Жителите имаат мал пристап до вода за пиење во блокираниот Мариупол, додека сите подруми на станбените згради се поплавени, објави на Телеграм Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, на Телеграм, пренесува Укринформ.
Мариупол. Токму сега. Хуманитарна ситуација. Вода. Сите подруми се поплавени, улиците се претворија во реки. Водоводните работници добија опрема за нуркање и прават залудни обиди да ги санираат пропустите во подрумите. Жителите се уште имаат мал пристап до вода за пиење Мнозинството жители на Мариупол мора да пешачат долг пат до местата за испорака на вода (буриња или резервоари за вода), но таму нема доволно вода, напиша Андриушченко.
Освен недостаток на вода за пиење, нема доволно храна и пари за жителите на Мариупол.
Андриушченко објави кратко видео снимено на улиците на Мариупол, каде може да се видат ужасните услови во кои живеат и преживуваат луѓето денес. Сè е скршено, искршено и расфрлано.
Околу 150.000-170.000 жители на Мариупол остануваат заложници на окупаторската власт и немаат речиси никакви шанси да побегнат во Украина, додаде советникот на градоначалникот на Мариупол.
Мариупол доживува една од најголемите хуманитарни катастрофи предизвикани од руската агресија. Градот нема нормално снабдување со енергија, вода и гас. Градоначалникот на Мариупол рече дека до 20.000 цивили загинале во градот од руската инвазија.
Подготви: Д.Мишев