• Latest

Како излеговме од Македонија, а се вративме во Северна Македонија

June 17, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Како излеговме од Македонија, а се вративме во Северна Македонија

June 17, 2018 18:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Два дена во Псарадeс, Нивици, Македонија и Северна Македонија

пишува: Звездан Георгиевски

Тука ќе направиме балкански Вудсток. Така ми вели мојот колега Николас Зирганос од весникот „Ефимерида тон синтактон“ од Атина, додека седиме во една од неколкуте таверни во малото село Псарадис, ден пред да се потпише, според многумина, историскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, со кој би требало конечно да се стави крај на повеќедеценискиот спор околу името на нашата држава.

Според официјалните податоци, односно според пописот во 2011 година, ова село има вкупно 83 жители. Меѓутоа, веќе првиот поглед на селото ви кажува дека тука некаде има сериозна грешка. Вашиот известувач посети барем пет од нивните таверни (а ги имаше уште), што самото по себе говори дека фреквенцијата на жители и посетители на селото е многу поголема од официјалните податоци. Псарадес, или по наше Нивици, е раширено на јужниот брег од Препанското Езеро и од прв поглед се гледа дека некогаш било многу понаселено. Некои од овдешните куќи со гордост ги имаат забележено на своите фасади годините кога се изградени, а главно станува збор за куќи од камен, изградени некаде на почетокот на минатиот век. Некој од моите грчки колеги ми објаснува дека овој топоним, Псарадес, всушност значи Рибари, и дека селото е познато по добра езерска риба.

Кога велам: „некој од моите грчки колеги“, тоа значи дека седам со повеќе од нив. До мене е Софија Зузели од Радио Флорина (ЕРТ), или, што би рекле ние, Радио Лерин. Софија ми се обраќа на одличен македонски јазик. Не е тоа дијалект, туку токму граматички исправен исказ. Ја прашувам од каде знае толку добро македонски, а таа ми вели дека нејзината радио-станица имала регионална соработка со некои радио-станици од Македонија (знам дека се спомна Радио Битола и евентуално Радио Чашка), но на нивните средби излегло дека никој од учесниците не знае англиски, па затоа, ете, таа почнала да учи македонски. И продолжила. Била на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и, според неа, таму најмногу научила.

Софија по потекло е од Мала Преспа. Мајка ѝ е битолчанка. Меѓутоа, таа вели дека нејзините родители никогаш не прозбореле македонски дома. Помни некои реченици единствено од нејзината баба. Ја прашувам како го доживува прозборувањето на македонски јазик од говорницата на грчкиот парламент, со оглед на фактот дека, ете, нејзините родители не смееле или не го зборувале јазикот дома. Таа вели дека и досега имало случаи јавно да се проговори македонски. Додуша ретки, ама ги имало. Со други зборови, состојбата со употребата на јазикот не е толку драматична како што била некогаш.

Ако Софија не знаела англиски, тогаш нејзината пријателка Тина, долгогодишен службеник на Обединетите Нации во Њујорк, секако го знае. И повторно имаме заеднички јазик. Поточно, заеднички пријател – колегата Горан Момировски. Таа, очигледно,  го познава него и неговото семејство подобро од мене. Ѝ велам дека се сметам за пријател на Горан, но дека не сме премногу блиски, во смисла на семејни посети или долгодневни седења по кафеани, а не сме, богами, ни по политичките ставови. Тина вели дека политичките ставови не се битни. Битни се луѓето. Се разбира дека го делиме ова мислење.

И тогаш доаѓа прашањето за името на државата, односно за договорот што следниот ден ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, токму во ова село. Мислам дека и двете се согласуваат дека деценискиот спор никому не донел добро и дека е време конечно да го ставиме овој проблем ад акта.

А што ќе се случи ако Македонија ги исполни сите точки од договорот: парламентарна ратификација, референдум…, а Грција да не го ратификува договорот? Наспроти моите стравувања, моите соговорници ги имаат истите, ама во обратна насока – што ако Македонија не успее? Во грчкиот парламент за ратификација ќе гласаат 154 пратеници, убедлив е Николас Зирганос. (Инаку, во грчкиот парламент има вкупно 300 пратеници).

Наспроти пријатна атмосфера и пријатните соговорници, воопшто не е лесно да се стаса до Псарадес, односно Нивици. Патот е тесен и вијугав и доволно е тежок и без полициските патроли, сериозно зачестени во пресрет на потпишување на Договорот. Како и да е, безбедносните мерки како да започнаа уште со самото поминување на границата. Не знам, можеби делуваше чудно што тричлената екипа на ЦИВИЛ е составен од еден етнички Македонец како новинар, ако е тоа битно, еден етнички Грк како фоторепортер, ако тоа некому нешто значи и еден етнички Влав како возач и асистент, кому и да му биде битен овој факт.

Во секој случај, првиот ден, заедно сосе невремето што нѐ закачи во ноќното враќање изгледаше како вистинска песна наспроти денот на потпишување на Договорот. Во тие 90-тина километри од Битола до Псарадес имаше пет полициски контроли, главно наменети за спречување на протести и за пропуштање единствено на луѓето што имаа акредитации за следење на настанот. Наспроти тоа, на два полициски пункта беа собрани неколку десетици протестанти со разно-разни знамиња, од кои доминираа оние на Златна Зора. Не беше едноставно да се пробиеме со автомобил со скопска регистрација, но токму благодарејќи му на погоре споменатиот етнички Грк, а богами и на големата волја да бидеме таму каде што се пишува историјата, екипата на ЦИВИЛ релативно безбедно пристигна на местото на настанот.

А таму имаше стотина, веројатно и повеќе, новинари. Според портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски, како и според Зоран Бојаровски од Владата, кои беа присутни во Псарадес само од Македонија се акредитирале 60 новинари.

Историјата се случи. Договорот се потпиша. Премиерите Ципрас и Заев го кажаа тоа што го кажаа. И се качија на чамците да ручаат во Отешево. Новинарите останаа во таверните на Нивици да ги направат и испратат своите извештаи. Главната причина за останувањето на новинарите во Псарадес всушност беше фактот дека сите автомобили мораа да бидат оставени во блиското село Лемож. Оттаму, нека нема навреди, во автобуси, како некогаш во скопска „двојка“ беа транспортирани новинарите, набиени буквално како сардини. Во меѓувреме, се слушна веста за демонстрации во селото Писодери, каде што наводно имало тројца тешко повредени. На враќање во Битола каде што екипата на ЦИВИЛ ја имаше својата база, патот кон Лерин, каде што се наоѓа Писодери и што е, всушност, пат до Битола, беше блокиран од грчките полициски сили. Тоа, всушност, го продолжи патот за уште некои 50-тина километри.

 

Тоа не е важно, ми вели Николас Зирганос, со кого заедо одиме во Битола. Во Мала Преспа ќе направиме балкански Вудсток. Грчко-македонски, го прашувам јас. Не, вели колегата Зирганос, таа работа е надмината. Ќе направиме вистински балкански Вудсток.

И тогаш се вративме, сега веќе во Северна Македонија! А протестите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола веќе беа завршени!

фото: Александрос Стаматиу

Tags: ГрцијаМакедонијаполицијаПреспаПротестиПсарадесрепортажа
Share108Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ