Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности“, организира конференција за презентирање на резултати од анализата „Перцепции и искуства на раководители и службеници од државната администрација за имплементација на Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“.
Конференцијата ќе се одржи на 25 јануари, во четврток, со почеток во 13:30 во хотел Буши.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Комуникација меѓу граѓаните и институциите на централно ниво во согласност со Законот за јазиците“, финансиран од Фондација отворено општество – Македонија и Европската Унија. Целта на проектот е унапредување на спроведувањето на Законот за јазиците преку документирање и следење на спроведувањето на Законот за јазиците од 2008 година во избрани институции на централната власт.
Учесници на конференцијата ќе бидат претставници на Министертство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Секретаријат за имплементација на Охридски рамковен договор, академици од областа и претставници на граѓански организации.
Б.Ј.