ЦИВИЛ денеска со ново прашање за граѓанките и граѓаните.
„Дали институциите успешно се справуваат со говорот на омразата и лажните вести на социјалните мрежи и во медиумите?“, е прашањето на коешто може да одговорите на следниот линк.
На вчерашното прашање за тоа дали граѓаните сметаат дека лица што се под истрага или се обвинети за тежок криминал треба да ја претставуваат Македонија во европските и светските институции, како што е НАТО, ЕУ, ОН…, до сега одговориле 178 граѓан(к)и, од кои дури шест сметаат дека тоа е нешто сосема нормално.
Прашањата кои ЦИВИЛ секојдневно ќе ги објавува во форма на он-лајн анкета, иако се и помалку реторички сепак имаат за цел да го претстават ставот на граѓанките и граѓаните за општествено политичките случувања во земјата.