На дебатата „Кој ги тркала Ромите?“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода се разви жестока дискусија за правата на Ромите, институционалната поддршка и (не)успесите на невладините организации.
Проблемите со живеалиштата, ветувањата за социјални станови, образованието на децата, злоупотребите на оваа ранлива категорија на граѓани од страна на институциите и државата беа само дел од проблемите за кои се дебатираше на настанот.
Во недостиг на претставници од власта и министерството за труд и социјална политика, дел од напорите за решавање на овие проблеми и активностите на министерството ги презентираше Латифе Шиковска од невладината организација Амбрела. Но, овие одговори не наидоа на одобрување од страна Аљуш Еминов, еден од бездомниците, кој даде одговор на прашањата и најчестите предрасуди кои се присутни во јавноста кога станува збор за бездомните лица.
Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска