• Latest
Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

June 24, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

June 24, 2025 09:28
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Годинешниот Скопје Прајд, одржан минатиот викенд, шести по ред во низата паради на гордоста, беше прилично поразличен од неговите претходни изданија.

Она што не можеше да не се забележи оваа година е целосното отсуство на поддршка од долгогодишниот поддржувач, Американската амбасада во Скопје, како и неприсуството на претставници на другите амбасади во земјава на парадата, кои решија својата поддршка оваа година да ја покажат само преку штури соопштенија на социјалните мрежи.

Втората работа по која годинешната парада на гордоста се разликува од претходните изданија какви што ги памтиме, е што знамињата на виножитото беа сведени на минимум, освен традиционалното големо знаме кое повеќе беше легнато на земја отколку кренато во воздух. Овој пат, тие беа заменети со палестински знамиња и пораки со поддршка на Газа, како и квази-левичарска иконографија, што на целата парада ѝ даде јасна политичка конотација која нема врска со човековите права на ЛГБТК+ заедниците.

Фото: Скриншот од видео на Мета.мк

Откако организаторите ќе ги средат впечатоците, и ќе ги сумираат резултатите, би требало да сфатат дека првото и второто се во корелација.

За тоа како парадата на гордоста се претвори во квази-левичарска, про-палестинска прошетка по улиците на главниот град,  можеби одговорот лежи во изјавата на претседателката на Хелсиншкиот комитет која кажа дека за да опстојат, потребни се нови сојузи.

Фото: Скриншот од видео на Мета.мк

Нема дилеми околу тоа дека геноцидот во Газа треба и мора да се осуди, но за тоа може да се организираат посебни настани и протести на кои ќе дојдат сите кои сакаат да присуствуваат. Вака се добива впечаток дека се инфилтрирани во една парада со сосема поинаква конотација.

Една активистка дури и се пожали дека претседателката на државата не го осудила геноцидот врз Палестинците, заборавајќи притоа дека и тие самите, ограничувајчи се на Газа во транспарентите и скандирањето, не осудија еден друг геноцид кој се врши врз Украинците од страна на Русија.

Или така, беше скроен планот на делување од пропагандната машинерија чиј центар се наоѓа во земја која, додека убива цивили во друга земја, врши тортура врз припадниците на ЛГБТК+ заедницата во сопствената.

Фото: Мета.мк / Ванчо џамбаски

И додека на Парада на гордоста ја даваат поддршката за Газа, со која раководи Хамас, не е лошо да се иинформираат каков третман во Газа имаат геј луѓето. Години наназад извештаите на групите за човекови права посочуваат на праксата на палестинската самоуправа во Газа и Хамас рутински да ги мачат активистите за човекови права, жените, ЛГБТК+ лицата, и политичките противници..

Скопје Прајд не е изолиран случај. Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, голем дел од организираната ЛГБТК+ заедница, која историски добиваше поддршка од еврејската заедница, застана на страна на пропалестинска антиизраелска активност. Евреите и поддржувачите на Израел беа изолирани од ЛГБТК+ заедницата иако, почнувајќи со движењето за граѓански права од 1950-тите и 1960-тите, тие беа длабоко вклучени во активизмот и им даваа поддршка на организациите што ги унапредуваат правата на ЛГБТК+ луѓето, жените, расната еднаквост и репродуктивната слобода.

Според извештајот на UN Watch, од 2022 година, ЛГБТК лицата кои живеат под контрола на Палестинската самоуправа и Хамас страдаат од „тежок прогон и тортура“.

Геј Палестинците кои успеале да избегаат раскажуваат за ужасни тортури од страна на силите на Палестинската самоуправа и Хамас, вклучувајќи често успешни обиди да ги принудат да информираат за другите, присилни бракови и закани со смрт.

„Ме уапсија, ме обесија од таванот, ме тепаа и ме испрашуваа пет дена“, рече геј Палестинец од Газа кој сега живее во егзил во Турција.

„Сите се плашат од секого. Некои се казнети, некои се убиени. Други се самоубиле“, рече друг геј маж од Газа.

Голем број геј палестински мажи го ризикуваат својот живот за да ја преминат границата во Израел, тврдејќи дека се чувствуваат побезбедно меѓу Израелците отколку меѓу сопствениот народ.

Според некои проценки од 2003 година, во Израел тајно живеат и работат 300 геј палестински мажи.

Нивната подготвеност да живеат таму – и покрај ризикот да бидат притворени и депортирани како безбедносна закана – се должи на палестинските ставови кон геј мажите, тврдат тие.

Многу палестински геј лица велат дека сепак би сакале да живеат во домашен притвор во Израел, каде што хомосексуалноста не се смета за кривично дело, отколку дома. Геј лицата се плашат од милитантна одмазда ако се вратат.

Еден 22-годишен геј маж кој избегал од Газа во Израел пред четири години, изјавил за програмата Outlook на BBC World Service дека речиси бил убиен кога неговото семејство дознало за неговата сексуална ориентација.

22-годишникот кој избегал од својот дом во Газа тврди дека оние што остануваат на окупираните територии често се принудени да работат за палестинската полиција.

Тој рече дека самиот бил запрен од полицијата во Газа, која му се заканила дека ќе го разоткрие како хомосексуалец. Тврди дека полицијата му рекла да спие со друг маж за да добие штетни информации за него. Откако одбил, палестинската полиција го мачела.

Новооткриените документи од февруари 2025 година, покажуваат дека Хамас мачел и егзекутирал членови во своите редови за наводна вмешаност во истополови врски, според системот за „проверка на моралот“ што го користи милитантната група, поддржана од Иран, за да ги идентификува регрутите кои не ги исполнуваат нејзините строги идеолошки стандарди.

На крајот, ако може да им порачам на организаторите: Поддржувајќи – свесно или несвесно – агенда на малициозна пропаганда од одредени центри на моќ, ризикувате да ја изгубите поддршката која ја барате за себе и за оние што велите дека ги застапувате.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

Tags: ГазаЛГБТКпро палестински протестиСкопје ПрајдХамас
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ