• Latest

Каков народ, таква власт, таква држава, колективна оставка на Владата: Граѓаните сметаат дека со ДПМНЕ на власт, очекувано е Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ

September 30, 2024

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Каков народ, таква власт, таква држава, колективна оставка на Владата: Граѓаните сметаат дека со ДПМНЕ на власт, очекувано е Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ

September 30, 2024 13:41
in ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ?

Минатата недела Албанија доби зелено светло за почнување на преговорите со ЕУ. Албанија ќе го отвори првиот кластер од преговорите за прием во Европската Унија на 15 октомври. Со тоа, Албанија се одвои од Северна Македонија чиј процес е закочен со условот да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.

Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека најголеиот дел од нив ја обвинуваат сегашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Каков народ, таква власт, таква држава, овој коментар го содржи сублимат на она што го мислат најголем дел од граѓанките и граѓаните што го искажаа своето мислење во коментари или пораки:

Ако сте очекувале некаков поинаков развој на настаните откако ДПНЕ управува со државата, тогаш честито ! Вие сте третиот што недостига во градацијата на придавката „глуп“.

Сè е тоа договорено да влезат Бугарите во Уставот само тоа е пролонгирање колку мицко да може да живне малку и да ги смирува гласачите и да ги убедува дека се виновни неговите предходници .

Што да мислиме невидена катастрофа. Може ли нешто добро да се очекува од ДПМНЕ.

Тоа што го започна ДПМНЕ уште во 1992 со првото блокирање на грчкиот предлог за името Република Македонија (Ц. Ц. Скопје) го завршија со одбивање на предлогот на ЕУ за Бугарите во Уставот. Истите туѓи соработници на заинтересираните страни да не нè биде, никогаш да не се приближиме до ЕУ за да не се отвори кластерот за судството, правдата и администрацијата и уште по нешто што не им одговора лично како милијадери и најбогата партија во Европа.

Ова зло ја јавна Македонија и додека таа не го испушти последниот здив за живот, нема да се намират таму каде што ќе им се придружат парите украдени од маченичката која 32 години ја силуваат и присвојуваат како само свое задоволство кога се на власт. Ама ја пејат „Завертна“ за камуфлирање во патриоти пред заведените што ги гласаат.

Нека му ја мисли ВМРО, ќе дојдат нови избори.

Со дипломатијата на Гордето не вратија 100 години назад.

Владата треба да си поднесе колективна оставка за дебаклот.

Но, имаше и коментари кои алудираа дека како што се „трчаше“ по бугарски пасоши, сега таква трка ќе биде по албански пасоши:

Ајде трк по албански пасоши, побргу ќе влезат во ЕУ од нас.

Нека им се посреќи,ние ќе си останеме во калта или ќе си земеме албански пасоши.

Дел од коментарите беа и ставови зошто АЛбанија се одвои од Северна Македонија:

Албанија е во фокусот не само од ЕУ туку и од Америте ради геостратегиската положба пред се ,дури е и покуримпирана од нас па и во националните права на малцинствата нема напредок .И посакувам успех понатаму што би рекле старите секој со свој к’смет а за нас мило мое што вака испадна за да се свестиме кај сме и што сакаме .Како граѓанин несакан да бидам прекрстувана ниту пак брутално понижувана од некои квази Европејци кои не ги почитуваат Шумановите начела затоа од мене имаат ГИТЛА.

А, што да мислиме? Двете држави не се сијамски близнаци, па треба операција. Потребно е да мислиме како Македонија да се приклучи кон тој пат, кој е така близу, но, едновремено далеку. Мудрата политика (и по ова прашање) нуди решение, а не лажен патриотизам или инает.

Ај не се секирајте многу за АЛбанија. Тие имаат 500 километри плажа, нив секој ги зема, нас никој не нè сака со насд 20 милијарди долг, со сиромашен народ и богати политичари.

Одвојувањето на Албанија на патот кон ЕУ за Македонија е: еден дела Албанија, еден дел за Бугарија.

Не е проблем што се оделивме од Албанија, проблем е што ќе се оддели Западна Макеоднија кон Албанија.

Б. Ј.

Tags: Албанија во ЕУкоментариПрашање на денотракции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ