• Latest
Петрит Сарачини

Какви се овие луѓе, кои уживаат да се радуваат на несреќи, макар и свои?

August 3, 2021

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Какви се овие луѓе, кои уживаат да се радуваат на несреќи, макар и свои?

August 3, 2021 20:00
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

Има луѓе кои, едноставно не можам да ги разберам, оти се откажале од човечното во нив. Навистина, можете ли да разберете некој кој се радува на пожар во комшиската куќа? А дали пак ги разбирате оние што се радуваат на пожар – во сопствената куќа?

пишува: Петрит САРАЧИНИ

Се обидувам, колку можам, да ги разберам луѓето. Секој од нас има лични искуства, знаења лични но и колективни добиени преку семејството, образованието, медиумите, средината во која сме израснале, работеле и живееле.

Од друга страна, сите ние си имаме и свои предрасуди и пристрасности, последица на споменатите влијанија. На нашите размислувања и постапки честопати влијаат и надворешни фактори – моменталната економска, политичка, општествена ситуација (или нарација) и ред други состојби, на кои индивидуално можеме да влијаеме, во најдобар случај – малку.

Но, има луѓе кои, едноставно не можам да ги разберам, оти се откажале од човечното во нив. Навистина, можете ли да разберете некој кој се радува на пожар во комшиската куќа? А дали пак ги разбирате оние што се радуваат на пожар во сопствената куќа?

Или, има ли некој што може да разбере, што ги води луѓето што во време на вакви опасности по животната околина и по човечки животи,  шират омраза, поделби, лажни вести, се потсмеваат на несреќата, сеират?

И, за што? За ситен политички ќар? За малку повеќе гласови на газдите на наредните избори?

Не нѝ е првпат. Ова со пожарите и политичката злоупотреба на нашите заеднички несреќи, се случуваше и изминативе години. Ако се сеќавате, сме имале масовни пожари и на пролет, кога шумите се влажни, а дел се уште покриени со снег. Тогаш немало ни жежок и силен ветер среде лето, ниту суша, ама имало очигледно пиромани, голем дел од кои се – политички пиромани.

Оваа лавина од лаги, омраза и навреди, оваа нечовечност, за жал, се повеќе ја окупира и медиумската комуникација, и јавната комуникација воопшто.  Таа е главната причина зошто општеството, институциите, јавноста, граѓаните, наместо да ги бараат решенијата низ една конструктивна, критична дебата, низ употреба, тестирање и подобрување на системот и механизмите, стануваат роб на агенда диктирана од одредени центри „оплеменети“ со незнаење но и голема глад за пари и моќ, кои се во потрага по личен, а не општествен напредок. И ги користат сите можни средства за да стигнат до тоа.

Наместо на лаги и дезинформации, институциите треба да одговараат на реални, аргументирани прашања, на вистинската критика која е задушена во вревата од лаги и омраза од зли и нечовечни луѓе. Низ отворен дијалог, кој подразбира исполнителност од институциите, уште поголема транспарентност и отвореност кон барањата на граѓаните, но, пред сè, човечност и  меѓусебно почитување.

Тоа што насушно ни треба е – да се бараат решенија кои ќе бидат за доброто на сите граѓани. Да не зборуваме за солидарноста, која е неопходна при вакви ситуации, а која за среќа, кај нас сè уште ја има, и покрај долгогодишното „инвестирање“ во десолидаризација во општеството, токму од споменатите центри на политичка и економска моќ.

Јас веќе не се трудам да ги разберам овие луѓе што се радуваат на нашата заедничка несреќа или состојба затоа што мислат дека од тоа ќе добијат нешто. Нивните цели се косат со сите мои верувања, и ќе се борам против тоа зло. Само сакам да потсетам дека е должност на медиумите, јавноста, институциите – да го направат истото. Додека не биде предоцна, за сите нас.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ