За правата на жените треба да се зборува постојано а не само овие 16 дена активизам, истакна Нора Калиќи од иницијативата „Ајо“, на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.
„Полето на делување на жените е тесно поло, и треба целата борба да се фокусира на подобрување на условите на жените. Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга. Жените треба да се сфесни дека се човечко суштество и дека имаме исти права и мора да најдеме храброст меѓу себе да се соочиме со сите предизвици и нашите цели да ги насочиме во борба кон неправедноста околу нас и на тој начин да направиме подобро општество за сите“, нагласи Калиќи.
Таа истакна дека иницијативата „Ајо“ прерасна во интернет портал каде што се објавуваат текстови за правата на жените, бидејќи преку онлајн портал, таа смета дека полесно ќе се подигне свеста на жените, за нивните права, едукација.
Калиќи потенцира дека овие теми се уште се табу во нашето општество.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски