Мабера Камбери, претставничка на МТСП, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите, се задржа на инклузијата на децата Роми во образовниот систем.
Јас би почнала со предучилиштното образование, кое е во рамките на МТСП. Овој проект го имплементираме од 2006 година во соработка со ромскиот едукативен фонд и единиците на локална самоуправа. Годишно вклучуваме околу 400 деца Роми на предучилишна возраст. Лани одеше потешко поради пандемијата со Ковид-19. Оваа година во детските градинки има запишано повеќе од 29.000 деца од кои 347 деца се Роми а 89 деца се вклучени преку проектот. Родителите на децата се ослободени од плаќање за престој на децата. Секоја година настојуваме да го зголемиме бројот на градови каде се имплементира овој проект.
Во 2019 имавме јавен повик да се пријават лица не евидентирани во матична книга на родени, бидејки навистина сакавме да ја дознаеме бројката, поради тоа што невладините организации излегоа со бројка од 5000 лица, формиравме мобилни тимови, и околу 700 лица најдовме на терен кои се не евидентирани во матична книга на родени. Поради тоа што наназад неколку години не можеше да се реши проблемот со постојните закони кои се на сила, изготвивме нов закон за тие 700 лица, за нивно издавање посебен извод од матична книга и лична карта, со кои можат да остварат 4 права: право на социјална заштита, здравствена заштита, право за вработување и право на образование