• Latest

„Кампања“: Оштетени билборди, скршени прозорци, испишани пораки и исчкртани ѕидови на изборни штабови…

November 24, 2016
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Кампања“: Оштетени билборди, скршени прозорци, испишани пораки и исчкртани ѕидови на изборни штабови…

November 24, 2016 15:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Испишани политички пораки врз штабовите на „непријателските“ партии, искршени прозорци, демолирани канцеларии, уништен инвентар, оштетени билборди…, се само дел од настаните кои го одблежаа почетокот на изборната кампања, а се забележани од активистите на ЦИВИЛ.

Како последен од низата инциденти е вандализмот врз изборниот штаб на НСДП во населбата Аеродром, во трговскиот центар „Бисер“. Инцидентот во кој вандалите ги чкртале прозорците и ѕидот, се случил во вторникот, а сторителите се засега непознати.

„Имајќи предвид дека овој вандалски чин се случи непосредно по завршувањето на големиот предизборен митинг на здружената опозиција, како и од самата содржина на пораките, очигледно е дека станува збор за политички мотивиран настан кој зборува за паниката и нервозата во владејачката партија од резултатите на претстојните избори“, се вели во соопштението на партијата,  која инцидентот го пријавила во МВР.

aerodrom-nsdp
Аеродром

Евидентиран е вандализам и врз два штаба на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино – во период од 24 часа, испишани се пораки со политичка содржина врз прозорците.

Оштетен, односно, посипан со црна боја е централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Струмица. Од партијата обвинуваат за индиферентност на полицијата и бараат одговорност од техничкиот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

15151517_10211233887788282_1655308989_n
Струмица

Демолиран е штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, во Месниот комитет „Задругар“. Демолирањето се случило на два пати, ноќта на 18-ти ноември во 22 часот, како и утрото во 9 часот, од непознати сторители, кои ги оштетиле прозорците и дел од инвентарот во штабот. Андон Лазаров, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, на прес-конференција им порача на вандалите дека не се плашат од вакви потези и според него, доаѓа време кога самите граѓани ќе ги казнуваат деструкциите и насилството. Случајот е пријавен во полиција и се работи на негово расчистување.

kavadarci-vmro2
Кавадарци

Од возило во движење, на 7-ми ноември, во скопско Арачиново, непознати лица фрлиле предмети кон прозорците и притоа, оштетиле четири прозорци на партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Инцидентот е пријавен во полиција од И. Ф., сопственик на куќата во која се наоѓа штабот. Според полицискиот извештај, настанот се случил утрото околу 5 часот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ивана Талеска

Tags: АеродромАрачиновоВМРО - ДПМНЕизборни штабовиинцидентиКавадарциНеготиноНСДПСДСМСтрумица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ