• Latest
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Кампањите започнаа – да се излезе или да не се излезе на референдумот

August 6, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампањите започнаа – да се излезе или да не се излезе на референдумот

August 6, 2018 15:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на 9 август го става Избирачкиот список на јавен увид за престојниот референдум на 30 септември. Во меѓувреме новиот состав на ДИК го продолжува рокот за поднесување ценовници за медиумско претставување до утре.

Со Изборниот законик само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со Изборниот законик. Сите останати учесници  во референдумот имаат право на медиумско претставување поврзано со референдумот, но пристапот до услугите на медиумите е под пазарни услови, согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ не пропушта секјдневно да го оспорува Договорот со Грција, но порадикални чекори презеде Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија, кој потпиша Меморандум за стратешка соработка за бојкот на референдумот преку Кризен штаб кој ќе пропагира воопшто да не се излезе на гласање, со повеќе партии, граѓански организации и здруженија од македонската дијаспора. СДСМ, исто така, започна со кампања за референдумот. Во нивното денешно соопштение уште еднаш ги потсетија граѓанките и граѓаните дека на 30 септември тие ќе го имаат последниот збор за иднината на Македонија и влез во ЕУ и НАТО.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц,  на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција. Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери. При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

На крајот сите оставаат демократски и транспарентно, граѓаните да одлучат дали ќе гласаат ЗА или ПРОТИВ или целосно ќе бојкотираат. Да се излезе на референдум или да не се излезе?

Интересно, но  Министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и здружението на граѓани „Ромаверзитас“, по повод 2 август – Ден на Геноцидот врз Ромите од Втората светска војна, денеска, 6 август организираа комеморација во знак на сеќавање на жртвите од овој Геноцид. На комеморацијата присуствуаше и пратеникот Самка Ибраимовски. Според медиумите и министерот и пратеникот се разочарани од посетата на овој настан.

Денеска се одбележуваат и 2 години од невремето и катастрофалната поплава во скопско Стајковци и околината кога загинаа 22 лица. По тој повод, под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, вечерва на плоштадот во Стајковци ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија, на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите.

Министерството за труд и социјална политика денеска итно реагираше по објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете. Од МТСП велат дека за најкраток можен рок ќе го расветлат случајот и ќе ја известат јавноста.

Б. Јордановска

 

Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ