Канада е најновата во низата земји кои го ратификуваа Протоколот за членство на земјава во НАТО алијансата.
„Денес Канада со задоволство го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се радуваме што во блиска иднина ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на алијансата“, се вели во објавата на твитер-профилот на канадското министерство за надворешни работи.