• Latest
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Канта за смет

July 6, 2025 13:45
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотографија: ЦивилМедиа

Фотографија: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

 Почитувани мои пријатели, посебно сопартијци, немав намера да ги коментирам погрешните коалициски политики на Мицкоски, но ете, судбина, тој самиот бара ова прашање на погрешни политики (а не постои политика која не ја згреши во оваа година како е премиер) да се стави на дневен ред во една колумна. Дегутантно е веќе да се коментираат и сите „политики“ кои почна да ги тресе зелени секојдневно. Човеков го надмина Заев. Оној Заев што како Црпнат ни го продаде името и што сега е во Дубаи. Оној Заев кого Мицкоски требаше да го апси нели. Тресеше Зајко, ама тресе и Мицко, мртва трка за кловн на векот.

Мицкоски ја претвори нашата партија ВМРО-ДПМНЕ во канта за смет или можеби подобро во депонија за политички отпад. Бравос за генијалецот и политичкиот дустабанлија Мицкоски. Со Мицкоски покрај тоа што се наслушавме, ќе се нагледаме срамотилаци и ќе мирисаме од реата на распаѓањето на политичкиот смет кој во себе го прими токму нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. И драги мој сопартијци, како што убаво си молчите малку ви е и ако ни е. Малку ви е тоа што во коалиција ви ги донесе Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов (патем ништо од превенцијата на пожарите иако човекот менува функции како сака, ама памет не се менува, а и нема капацитет да научи, од баричка вода не се пие). Потоа Павле Трајанов и Петар Богојевски викан Бунтур, и сега и Илија Николоски (божем пензионер), па така очекувам секој миг кога ќе ни го претстави новиот а стар вмровец и докажан патриот Никола Димитров (оној на кого по таткова-родителска клетва ќе му се суши рачето) како сигурен и патриотски кадар во кантата за смет која безобразно и со потсмев ја нарекува ВМРО-ДПМНЕ. Потоа без срам и перде од сите нас ќе бара да гласаме за неговите божем вмровски кандидати и коалициони партнери.

И не би било никаков проблем доколку овие ликови беа идеолошки десничари со конзистентни политики во однос на Македонија и нејзината европска иднина. Но токму спротивно, кога ние се боревме за зачувување на името Република Македонија, сите овие лица под илјада маски беа против нас, односно во коалиција со Заев – Црпнатиот и учествуваа во оваа руска операција, на која се навлекоаа ЕУ и САД. Последиците од таа операција ќе ги чувствуваме уште долго и слободно прашувајте го Мицкоски: „Што стана со враќањето на името на државата, во што се колнеше“?

Кога сега, еве ти ги, коалициони партнери на Мицкоски. И да, токму на Мицкоски и вас членовите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓаните на Македонија, ве молам само така да ги третирате, како партнери (политичко-бизнис) на Мицкоски, не на нашата партија. Тоа Мицкоски си прави приватна забава од и во нашата партија. Забава со најголемите непријатели на ВМРО-ДПМНЕ, а се заради сопствено спасување. Во насока на претстојните локални избори и со јасни анкети, Мицкоски си вели да се спаси што може, па нека е тоа и преку весела математика на глас ваму – глас таму. Посебно во однос на гласањето за градоначалници. А и кој ќе знае дека тоа не се гласови од нашата партија затоа што нашите верни сопартијци сето тоа го гледаат и преку глава им е од манипулации и понижување. Затоа и треба јасно да кажеме и воедно да поставиме стандарди: „Резултатот на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и со тоа резултатот на „политиките“ на владата на Мицкоски (за наша жал), ќе се мерат преку компарација на вкупниот број на гласови добиени на парламентарните избори 2024 и бројот на гласови добиен за советничките листи на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори“. Тоа е реалната основа за проценка на успесите на Мицкоски во последната година. Се друго ќе биде весела математика со цел лажење на народот и посебно членовите на партијата.

Понижување е драги мои сопартијци и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кога еден Стојанче како ништо да не било останува на политичка функција во политичка влада и по смената на претходната влада на СДС умрено чии партнер и владин функционер беше. Сега гледам се обидуваат во партнерство со Мицкоски да не убедат во нивната генијалност дека од оклопно борбено возило може да се направи против пожарно возило. Па згора на се и Мицкоски како докажан машински инжинер и иноватор ни објаснува како со волонтеризам и желба за без пари може да се направат и технолошки чуда и иновации. И Кинезите со такви иновации во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век произведуваа железо во селски печки и ливници, а потоа се откажаа од сељачката идеја за лош ПР и неквалитетно и неупотребливо железо. Тоа веројатно е резултат на неговото лично искуство со патенти и иновации кое го има од 16 годишна возраст. Ами кога во Чаир може да градат згради и да водат милионски бизниси деца на пет годишна возраст, зошто и некој на 16 години да не е иноватор. Многу иноватори во државата а се коалициони партнери на Мицксоки. А нашето ВМРО-ДПМНЕ покрај толку иноватори се претвори во канта за собирање на политички смет, кој дури неможе ниту да се рециклира. По прекрасната идеја за против пожарната стока за пасење трева во улога на превенција од пожари, ова беше втора глупава изјава на Мицкоски во една недела, а трета е данокот за неженети и немажени како решение за подобрување на демографијата. Многу сум радознал да дознам како му се раѓаат овие генијални идеји или кој ли му ги кажува?

Или кога Павле Трајанов само од Собрание ќе се префрли во Влада како и да немало промена на власта во Македонија. Потоа истиот тој Трајанов ни објаснува за безбедносните прилики во Македонија и регионот, нормално со задоцнување од едно два семестри. И сега и Илија Николовски кој гласаше за промена на името на државата и оп, сега е патриот. Веројатно партијата на пензионери, читај Николоски сега ќе поднесе предлог на Закон до Собранието со кој ќе се отфрли Преспанскиот договор. Како што Бунтирот по задача го кажува тоа што Мицко несмее да го каже а го сака, односно тврди дека Договорот за добрососедство со Бугарија е раскинат. Но можеби сега не му е таква задачата од налогодателите, сега создавачите на Илија Николоски му дадоа задача да го засили Мицкоски по секоја цена само и само да не падне и не дај Боже Македонија да се приближи кон полноправно членство во ЕУ. А тоа значи подобар живот и за пензионерите и за нивните внуци кои можеби ќе се решат да се вратат во Македонија, па така другарот Николовски (генерал) ќе биде без полезен за неговите создатели. Затоа тука е да припомогне Бунтурот и експертски од позиција на Директор за европски образовни програми и мобилности да биде каже јасно дека е против ЕУ. А директор е на европска агенција (плаќана со европски пари). Каква шизофренија. Какви лица се обидуваат да ни креираат политики.

Прочитав некаде дека некој зборуваше за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да се однесува како веш машина. Не, не грешка сте, Мицкоски не го смета ВМРО-ДПМНЕ за веш машина, го смета за пералница на пари, а го третира како канта за отпад кој не може да се рециклира бидејќи е радиоактивен. Едноставно во партијата собира секаков политички отпад и со тоа ја уништува партијата, но и државата Македонија. Ете затоа драги мои сопартијци дотука ја дотеравме како партија, но уште пострашно е што ја дотеравме до распад македонската држава. И пак некој друг ќе ни биде виновен, сите ќе не мразат нас Македонците и не не сакаат, нели.

Така, Мицкоски со неговата „патриотска“ политика и државата ја претвори во контеинер за смет, ами каков контејнер, во депонија. Не што ќе се удавиме во расфрлан смет, искршени контеинери околу кои има купишта смет, диви депонии на сите страни, неискосени и неуредени јавни зелени површини а чие одржување е во надлежност токму на успешните градоначалници од нашата партија за кои драги мои сопартијци ќе ве присилуваат да гласате. Туку дури и гробиштата ни се претворени во депонии. Местата каде ги погребуваме нашите најмили со човечко достоинство лежат во буништа што е под секое достоинство и почит. Неодамна бев во Регенсбург и ги видов градските гробишта, сосема случајно. Најпрвин помислив дека е парк, бидејќи имаше луѓе што шетаа, но кога дојдов поблиски видов дека се градските гробишта. Да посака човек да умре и да го закопаат таму, во зеленило, цвеќиња, без и најмалку био смет, за оној смет што го создаваме ние како луѓе ниту станува збор дека може да се случи да има. Ете само низ еден ваков пример за местото каде што се мнозината и кон кое одиме со телото кога ќе преминеме во вечноста, може да видиме каде сме како општество во однос на ЕУ. Онаа ЕУ за која Мицкоски и неговите коалициски партнери ве убедуваат дека ве мрази, односно дека не мрази како народ.

Како општество сме една запуштена канта смет и тоа што е најтрагично не се обидуваме ниту да ја исчистиме. Се нешто чекаме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, додека политикантските елити со нивните игри се повеќе и повеќе ја полнат таа канта смет со нераспадлив политички отпад кој само шири неподнослива реа. И доколку чекаме некој друг да не исчисти, тој тоа нема да го направи за нас, туку за себе.

Тоа што ние го имавме чисто и тоа благодарение на наследството од нашите дедовци кои ја создадоа современата македонска држава на АСНОМ, ние го загадивме и испоганивме. Токму чистиот сад за затвореното македонско прашање со формирана македонска држава, македонски народ со македонски јазик и политички конструирана (како и секоја друга) македонска нација, успеа најпрво Заев, а потоа и Мицкоски да го фрлат во политички нераспадливиот радиоактивен смет.

Само на прост политикант, политички дустабанлија кој не разликува народ од нација и современи јазици од стари јазици, може да му падне на памет и тоа исклучиво и заради дневно-политички цели за политикантски опстанок на власт, самиот да го проблематизира и отвора македонското прашање. Мотивите за таквата постапка при постоење на македонска држава, македонски народ и македонски јазик, кои и да се, во основа се длабоко анти македонски и против македонската државност. Зарем тврдењето на некои будали, политиканти од Бугарија, дури еве и некоректно да напишам и да ја обвиниме целата бугарска држава и бугарски народ дека не признаваат постоење на македонски јазик, македонски народ и македонска држава, може да го смени фактот дека веќе повеќе од 80 години постои македонска држава, постои кодифициран македонски јазик и постојат луѓе кои себеси се сметаме за Македонци со што се потврдува постоењето на македонскиот народ. Токму овој и ваков политички смет се фрла од сите страни во контејнерот во кој како држава не претворија политикантските структури, посебно Заев и Мицкоски.

И да ви дадам еден многу приземен животен пример за негирањето, постоењето, непостоењето и реалноста. Еве, некои „родители“ не сакаат да признаат дека имаат дете, не го признаваат дека постои, се откажуваат од него. Но тоа дете постои, расне во други општествени услови, созрева се школува и станува полнолетен граѓанин со своја професија, работи, создава семејство, и животот и после 30, 40, 50 и повеќе години тече. „Родителите“ никогаш немора да го прифатат неговото постоење, но тоа дете, сега веќе возрасен човек со свои наследници, постои и тука е без разлика на волјата за гледање и отпорот кој го даваат неговите „родители“. Тоа дете, тој човек, е свесен за своето постоење и не му е потребно никој да му го потврдува неговото постоење, колку и некој друг да се обидува да го негира или да фрла смет во неговиот двор.

Свесноста за постоењето е лична работа. Така и свесноста за постоењето и припадноста кон македонскиот народ е лично прашање за секого од нас Македонците поодделно и за тоа не се прашува никој друг и никој не треба тоа да ми го гарантира. Прашањето за потеклото на тој човек не е прашање на неговите „родители“ туку е исклучиво и само прашање на спознанието како се осознал низ годините на животот во определени општествени услови. Прашањето за тоа дали поседува дом, имот, не е прашање на никој друг туку само на него лично и тој го владее тој имот, му се допаѓало некому или не, тоа е неважно.

Ете така е и со оние кои се обидуваат да го негираат постоењето на Македонците, македонскиот јазик, македонската нација и македонската државност. Потполно  е неважно дали некој во Бугарија или било каде во светот прифаќа дека постоиме како Македонци и дека зборуваме македонски јазик и имаме македонска држава. Ние сето тоа го имаме и не треба самите да го проблематизираме, отварајќи го тоа што пред скоро еден век сме го затвориле. Единствено, доколку тој кој го отвора како прашање нема добиено таква задача за да создаде проблем. Или можеби самиот има криза на идентитет па не знае ниту кој е ниту што е, а во таков случај повторно не сме ние должни да бидеме канта за неговиот смет и да ни отвора затворени прашања од пред скоро еден век.

Сепак, решението е во нас самите, или ние ќе си ја исчистиме кантата за смет и сметот расфрлан низ нашиот двор или ќе си трпиме додека политикантската, измамничка, коруптивна, криминална реа и нејзините производители не не задушат. Тие со почувствителни сетила за мирис брзо заминуваат, а ние кои остануваме овде во надеж дека ќе биде подобро, особено ние од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги земеме лопатите и метлите в раце и да си ги исчистиме дворовите, како партискиот така и државниот. Доколку навистина сакаме да биде подобро. Па нели сме наследници и заколнати во идејата на ВМРО историско. Или тоа  само за во кафеана и по митинзи, во меѓувреме сме пиииип. Па затоа кантата со смет веќе шири радијација не само реа, а тоа значи дека ниту тавче гравчето, ајварот и пинџурот нема да ни бидат на менито на идентитетот кој го отвори како прашање Мицкоски. Без разлика што јавно зборува и каде тоа го гледа неговиот идентитет, за жал не во себе си, туку талка низ минатото и шири заблуди и збрка кај дел од македонскиот народ, а посебно внатре во нашата ВМРО-ДПМНЕ која ја претвори во канта за политички отпадок и тоа радиоактивен, високо загадувачки.

П.С. Само три прашања до Мицкоски:

1,„Дали знаеш кој зборник во оригинал го издале браќата Миладинови во Осијек кај Бискупот Јосип Јурај Штросмајер во 1861 година“?

2.„Дали знаеш кој филолошки труд во 1858 година го има објавено Партениј Зографски“?

3.„Дали го знаеш творечкиот опус на Шапкарев, и дали знаеш која е Елисавета Шапкарева“?


Текстот е личен став на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ