• Latest

Кариман: Политичарите да се борат против национализмот, а не да го хранат

August 7, 2018

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кариман: Политичарите да се борат против национализмот, а не да го хранат

August 7, 2018 11:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Национализмот е најголем непријател на мирот“, како што кажал Џорџ Орвел и затоа сметам дека има огромна разлика помеѓу национализмот и патриотизмот, вели за ЦИВИЛ Медиа, активистот Акиф Кариман.

„Национализмот негува културно наследство кон јазикот на својата нација и доведува до чувство на ривалство со останатите, и непочитување и неподнесување на подредените. Додека, патриотизмот повеќе се базира на емпатија и вреднување на вредносен систем кон својата нација. Ако сум патриот го сакам својот народ, но, истовремено ги почитувам и останатите, ги почитувам различностите, додека кај национализмот – ги сакам толку многу моите што другите не можам да ги смислам“, истакна Кариман.

Тој додава дека Ромите она што го претприја како нација од страна на национализмот е геноцидот од Втората светска војна каде што неофицијално се убиени околу половина милион Роми и Синти.

„Загрижувачки е тоа што гледаме дека во последно време национализмот почнува повторно да се шири низ цела Европа. Има доста примери, како убиствата на Роми во Украина и Словачка од нео-нацистите, во Италија има националистичка влада која сака да направи посебен регистар, односно етнички попис на Ромите… Во име на патриотизмот се солидаризирам со Ромите врз кои има некаква неправда било каде во светот и им давам поддршка, што не значи дека јас ги мразам останатите. Пример ние протестиравме против политиките на итајланската влада, а не против Итајланците“…

Тој смета дека структурите кои се на власт, сите политички партии, особено сите влади треба јавно да излезат и да бидат против национализмот и фашизмот.

„Кога државните структури водат националистичка политика, граѓаните коишто ги гласале им веруваат и се „палат“ на тоа. Но, доколку политичарите повикувааат на мир, толеранција, почит, тогаш и граѓаните ќе се однесуваат така. Ние како активисти колку и да се бориме не можеме да го смениме целиот систем, бидејќи системот сепак го раководат политички структури“, потенцира Кариман.

Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Акиф Кариманнационализампатриотизамполитичари
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ