• Latest

Кармзова Костиглиола од Париз: Лажни вести имало секогаш, наше е да ги избереме сопствените извори

April 12, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Кармзова Костиглиола од Париз: Лажни вести имало секогаш, наше е да ги избереме сопствените извори

April 12, 2020 15:51
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Разговор со поетесата Тања Кармзова Костиглиола, која живее и работи во Париз, за состојбата во Париз и како се снаоѓаат граѓаните во време на пандемија, лажните вести поврзани со КОВИД-19 и нејзиното творење во овие моменти.

ЦИВИЛ МЕДИА: Разговарам со поетесата Тања Кармзова Костиглиола, наша сонародничка која живее и работи во Париз. Здраво Тања, како живее Париз во овој период на пандемијата? Како си ти?

КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА: Париз е тивок, има многу малку движење низ градот речиси сè е затворено, отворени се само  есенцијалните бизниси за прехранбена индустрија, аптеки, болници, и тоа што мора да работи за да функционира општеството.

Освен што пишувам, работам во аптека, така што секојдневно сме соочени со пандемијата, и се снаоѓаме како што можеме.

ЦИВИЛ МЕДИА: На што се жалат Парижани најмногу? Што им недостасува најмногу?

КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА:  Парижани се жалат дека им недостигаат прошетките, како и на сите. Имаат проблем што не можат да одат на одмор. Тоа што мораат да останат дома. Многумина сè уште се во апартмани, во станови, други се во куќи, верувам дека овој период е прилично тежок да се живее затворен дома.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тања, освен што владее пандемија, која на еден чуден начин ги зближи сите луѓе на оваа планета, паралелно со пандемијата во тек е инфодемијата која, се чини, се шири дури и побрзо од самата пандемија. Дали парижаните, Французите воопшто, се лесен плен на лажните вести и митовите, на теориите на заговорот, поврзани со корона вирусот? колку тие им веруваат на лажните вести, а колку се потпираат на официјални, потврдени извори?

КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА: Мислам дека мнозинството претпочита да ги слуша соодветните, компетентните организации, институции, имаме телевизиски канали кои се со 24 часа само со вести, каде редовно се прави комплетно објаснување, статистика и новости на таа тема. Луѓето се прилично добро информирани. Ние како здравствени работници сме овде исто така, доаѓаат нè прашуваат, редовно одговараме на вакви прашања, во рамките на нашата можност. Бидејќи ние не можеме да се замениме со виролози или епидемиолози, можеме да дадеме само некои основни совети за хигиена, за превенција, за како да се намали тој импакт директно врз популацијата.

Лажни вести секогаш имало ова не е првпат, има и сатирични весници кои пишуваат на таа тема, наше е да ги избереме сопствените извори од кои ќе се информираме. Наше е исто да информираме кога има лажни вести, сега имаме алатки да сигнализираме лажни вести, кревање паника, лоши хигиенски совети. Голема фама има за лековите кои би помогнале, за превенција да се лечат, затоа мора многу да се внимава за да нема потоа трајни последици, затоа што тоа е најголемиот ризик.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали луѓето доаѓаат во аптека и бараат лекови на своја рака во уверување дека тој ќе ги заштити или излечи?

КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА: Го имаме сега најсвежиот случај, случајот со Xидроксиклорокин и Aзитромицин, значи Сумамед кај нас. Луѓето ги бараат овие лекови, за кои сеуште ниту епидемиолозите ниту виролозите не можат да се согласат, затоа што нема студии, има сериозни етапи пред да се докаже било каква ефикасност за вакви лекови.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали корона вирусот е инспирација за тебе? Дали и што пишуваш?

КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА: Пишувам редовно, во облик на реакции, на туѓи пишувања, некогаш е поезија, некогаш само размислувања. Моментално поезијата ми е ставена на пауза, иако имам стихови напишано околу тоа, помалку се, не се уште објавени, не циркулираат на социјалните мрежи, затоа што не мислам дека сега е времето за тоа.

разговорот го водеше: Џабир Дерала
монтажа и обработка на текст: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ