За нас ( Движењето Беса) здравјето на граѓаните е поважно од изборите, или од тоа кој ќе победи на изборите. Среќни сме што и другите политички партии се со став дека засега пред се, треба да мислиме на здравјето на граѓаните и на нашите семејства и на сите други што за коишто сме тука да ги претставуваме, изјави Билал Касами, лидерот на Движењето Беса по лидерската средба кај претседателот Пендаровски.-Затоа, денес, едногласно се согласивме сите политички партии кои бевме присутни овде, дека засега нема услови да се организираат слободни и демократски избори. Како ќе се продолжи натаму, исто така се согласивме , под покровителство на претседателот, да се повикаат правни експерти коишто ќе најдат решение како да се прекинат роковите за изборите, како на најдобар начин да се соочиме со состојбата. Нема определување на датум за одржување избори бидејќи станува збор за една многу комплицирана ситуација, и кога не знаеме во која фаза е ширењето на корона вирусот, за да одлучиме кога ќе се одржат. Така што, решивме да се најде заеднички механизам и датумот ќе се одлучи во тој момент кога во државата ќе имаме нормална состојба, и заедно ќе одлучиме дека имаме услови да се организираат избори, и волјата на граѓаните да биде претставена во органите на оваа држава. Веднаш по оваа изјава, кај претседателот ќе има правни консултации со експерти од оваа област за да најдеме најдобар начин за справување со оваа ситуација како и начинот на поставување вонредна или кризна состојба, бидејќи постојат и финансиски аспекти што треба да се земат предвид, и кои треба да ги преземе Државната изборна комисија. Уште еднаш, сметаме дека сите партии и релевантни институции треба да се здружиме во кризава со којашто сме соочени, рече Касами.