„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кој припаѓам, е евроатлантската интеграција на РСМ.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно има големи шанси да добие датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.
На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати.“, напиша на својот Фејсбук профил, Кастриот Реџепи од Беса.
Во собранието е во тек седница на која требаше да се гласа за недоверба на Владата. Кастриот Реџепи од Беса, иако неговата партија објави дека ќе гласа за недоверба на актуелната влада, денеска не дојде на седницата.