Пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на Беса, денеска се појавил во полициска станица и изјавил дека пријавата за негово исчезнување е невистинита и дека со своето семејство по сопствена волја бил кај негов пријател за да се заштити од публицитетот што се предизвика од неговото отсуство вчера, на собраниската седница за гласање на недоверба на актуелната влада.
„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.“, се наведува во соопштение од МВР.