„За да нема какви било сомнежи, трачеви и шпекулациии и спинови, јас, Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, и на Албанците и на Македонците, и на сите кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја, РС Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето недоверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на локалните избори земјата да ни отиде во правец спротивен на моите идеолошки убедувања“, изјави Реџепи на прес конференција.
На новинарско прашање дали ќе се заколне дека не примил паричен надоместок за неговата постапка во четвртокот, кога на седницата за гласање недоверба на актуелната влада тој не се појави, Реџепи се заколна и изјави дека тој не гласал за недоверба бидејќи тоа не се неговите светогледи, а не присуствуваше на седницата, односно се засолни на сигурна локација, поради безбедносни причини.
„Премиерот Заев ја повлече оставката, Желино се реши, односно немаше прегласување таму, и не разбирам зошто не можат да почекаат до 14 декември за да видиме што ќе се случи. Јас со моја рака не можев да му попречам на процесот на интеграција“ , додаде меѓу другото Реџепи.
На новинарско прашање дали ќе премине во редовите на ДУИ, Реџепи изјави дека тој е се уште член и пратеник на Движењето Беса, и дека се уште не добил никакво решение ниту од партијата, ниту од Собранието за негово исклучување.
Д. Т.