Фани Каранфилова Пановска, од Фондација Отворено општество Македонија, на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, како дел од одбележувањето на 20 годишнината на ЦИВИЛ.
„ЦИВИЛ е еден од оние партнери кои што со Фондацијата, не само грантисти туку и партнери во многу битки и борби опстои или заедно сме ги извојувале или сме ги изгубиле, и имаме нешто подолго паметење и соработка, токму 20 –тина години.
Размислував на темата „Меѓу стремежите и реалноста“ и тука на листа на стремежи во однос на граѓанското општество имаше многу работи, на листата на реалноста исто така, затоа ќе се префрлам на постигнувањата, предизвиците и перспективите.
Граѓанското општество во целина, не само невладините организации, во изминатите 20 години покажаа една сериозна зрелост, агилност и посветеност во тоа што е нивна автохтона мисија и визија и тоа го покажаа во неколку клучни и критични развојни точки од нашата држава.“