• Latest

Мехмети: Граѓанските организации се активен чинител во креирањето и менувањето на политиките

November 26, 2021

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мехмети: Граѓанските организации се активен чинител во креирањето и менувањето на политиките

November 26, 2021 14:00
in ИЗЈАВИ, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ибрахим Мехмети, аналитичар, Швајцарската амбасада/СДЦ (на 29 ноември, 2019, на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ), зборуваше за потребата на постојана комуникација на граѓанските организации со граѓаните.

„Ме потсетивте дека кога почнувавме да работиме во овој сектор, зборувам од своја перспектива, ако се сложат другите ветерани, немавме некоја претстава што значи граѓанско општество. Знаевме дека има невладини организации што се поддржани од меѓународната заедница. Почнавме да работиме нешто што сакавме да го правиме без да ја знаеме големата слика.

Ако се навратиме години наназад, по повод роденденот на ЦИВИЛ, мислам дека граѓанскиот сектор беше на едно многу елементарно ниво на развој. Она што за мене беше главниот проблем сите овие години, особено во последните пет, шест години, е што граѓанските организации беа насочени да работат нешто што  се очекуваше од нив да го работат, но повеќе од страна на донаторите отколку што тоа го очекуваат граѓаните. Мислам дека тоа беше најголемиот проблем.

Тоа што тие требаа да дадат отчет пред донаторите ги направи да бидат многу добри во работењето. Сега имаме веќе една плејада на невладини организации што имаат капацитети споредливи и со меѓународни организации. По природа на мојата работа имам и такви искуства, па овие организации сега можат да спроведуваат проекти што порано сме мислеше дека само организации од меѓународната заедница можат да го спроведат тоа. Она што фалеше постојано беше што немаше допир меѓу граѓанските организации и граѓаните. Имавме извонредни продукти од граѓанските организации, но, на терен работите не се менуваа.

Швајцарската амбасада работи веќе десет години активно на програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и дојдовме до заклучок дека фали таа врска меѓу граѓаните и граѓанскиот сектор. На пример, како што претходно зборуваа од Еко Герила, ако ги нема нивните поддржувачи, нивните акции ќе бидат само материјал за вести, но нема да бидат причина за некаква промена или грижа кај политичарите. Затоа тргнавме со конкретни мерки, институционална поддршка. Не сакам  ова да звучи како реклама за нашата програма, но мислам дека е многу важно за граѓанскиот сектор затоа што им се дава поддршка за тоа што тие сакаат и знаат да го прават, а не тоа што на донаторите им треба или мислат дека треба да се прави во Македонија. Мислам дека имаме добри резултати, иако е уште рано да се зборува. Се надеваm дека и другите донатори ќе го поддржат овој пристап.

Ние веќе видовме дека тоа функционираше за време на Шарената Револуција, некогаш е потребен повод за сето тоа да се случи, но сепак мислам дека имаме напредок. Пред и после Шарена Револуција имаме две ситуации. Сега веќе сме во втората фаза каде што граѓанските организации се активен чинител во креирање и менување на политики кога тоа е можно и потребно.

Иако поради природата на мојата работа не би требал да бидам многу експлицитен во оценувањето на работата на ЦИВИЛ и доделување придавки, бидејќи би било конфликт на интереси, сепак ќе кажам дека ЦИВИЛ е еден пример на организација која што и пред ние да ги започнеме овие политики за зајакнување на граѓанските организации да бидат поблиски до граѓаните, тие веќе го правеа тоа од самиот почеток. Можеби поради нивната активистичка и бунтовничка природа во одредени моменти. Тоа ги направи еден добар пример за автентична организација која ќе чека да види што сакаат донаторите па да аплицираат, туку го прават она што е нивен повик, мисија или задача што самите си ја задале.

Мислам дека направија добра услуга не само на себе и нивните поддржувачи, туку и на другите организации, бидејќи можат да бидат еден пример дека се исплати таква упорност во терање на сопствената агенда. Се надевам дека и така ќе продолжите.“

обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Кирил Михаилов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ