• Latest

Муслиу: Ние не сме претставници на граѓаните, ние сме заштитници на граѓанските интереси

November 28, 2021
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Муслиу: Ние не сме претставници на граѓаните, ние сме заштитници на граѓанските интереси

November 28, 2021 13:24
in ИЗЈАВИ, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Алберт Муслиу од невладината организација АДИ, на Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, (на 29 ноември, 2019, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ), зборуваше за предизвиците и перспективите на граѓанскиот сектор во Македонија.

„Ако некаде невладиниот сектор бил изворен, тоа е тука во Македонија. Ние сме се развивале во крајно непријателско опкружување. Немаше заинтересирани донатори. Не бевме како Хрватска или Босна, каде што големите меѓународни организации вработуваа луѓе, ги дресираа што е тоа цивилен сектор. Па по нивното заминување тие формираа организации.

Тука беше баш изворно. На почетокот, се сеќавам, тука беа група на заинтересирани луѓе кои не даваа ни пет пари за да бидат менаџирани од други и сакаа да направат нешто. Нашата прва активност во АДИ беше да ги охрабриме луѓето во таа далечна 1994 година. Мислам дека токму таа крајно непријателска околина се развивавме во искрени и изворни организации кои прв пат се покажаа 1999 година. Значи, со косовската криза, цивилниот сектор во Македонија покажа дека е рамен на институциите и дека може да им парира во вршењето на некои работи, коишто беа самостојно организирани.

Вториот предизвик беше 2001 година. Со една пријателска невладина организација од Тетово за прв пат воспоставивме контакт, во период кога во Македонија имаше само два извори на информирање. Беше МТВ и CNN и можете да замислите колку опречни беа информациите. Но, цивилниот сектор покажа дека е спремен за соработка на луѓе кои имаа ентузијазам.

Сега во овој период кога ние сме се институционализирале, па во организациите имаме многу професионалци, па добро ги вршиме работите, некогаш ми пречи што нема доволно задоволство во целиот процес. Невладиниот сектор треба да ви причинува малку и духовно задоволство. Затоа и постои. Ако сакате стрес одите во бизнис, ако сакате да крадете одете во политика, но во невладиниот сектор гледам луѓе кои сакаат да го работат тоа. Затоа не ретко кога одам во канцеларија палам светло и пуштам музика за да биде поопуштено, да не биде тоа техничка работа која ја работите само за да спремите извештај.

Секако дека Шарената револуција беше кулминацијата, каде што после еден подолг период за стигматизирање на таа антисоросоидна борба што ја прифати нашата тогашна влада, како дел од некакво глобално движење против цивилниот сектор.

Невладиниот сектор се профилира меѓу граѓаните како сектор на кој може да му се верува. Како сектор кој не е мотивиран од крајниот интерес кој го имаат политичките партии, па дури и во креирањето на закони. Невладините немаат некој мотив зад својата професионалност. Туку се трудат најдоброто да го покажат во интерес на некои идеали кои треба да ги движат. Можеби сум малку романтичен, можеби идеализирањето треба да биде дел од работата. Кога станува збор за предизвиците на невладиниот сектор мислам дека некогаш и ние имаме проблем да се најдеме себе си. Се поставуваме во позиција на претставници на граѓаните, а не на заштитници на интересите на граѓаните. Ние не сме претставници. Ние ако сакаме да бидеме претставници на граѓаните на 12 април ќе си предложиме листа, ќе бараме гласови и така натаму… Ние сме тој дел на свеста на граѓаните кои без интерес мисли на доброто на ова општество и мислам дека сме се докажале во тоа, иако не секогаш била лесна борбата.

Се уште паметам еден состанок каде претставници на граѓанскиот сектор, коишто беа помлади, во целиот процес ги фати и паника. Се соочуваш со државата. Тој процес е поминат од раните 90ти години кога политичките партии се ставаа себе си во позиција да пробаат да ги земаат невладините организации да бидат нивни диригирани институции. Тоа не им успеа. Мислам дека главниот испит се положи во 2015 и 2016 година кога невладините покажаа дека се доволно бунтовни и имаат интегритет да можат да одбијат било кого. Па дури и под пресија на будење наутро во влажна просторија во една соседна населба на Скопје.

Мислам дека иднината треба да ја гледаме во тоа. Само поставување себе си и на нашата улога во општеството. Ние треба да бидеме коректив, ние треба да бидеме оние кои имаат авангардни идеи, да ги штитиме своите идеи. Ние можеме со својата поставеност во општеството и со поддршка на граѓаните да им извршиме доволен притисок на политичарите да се прилагодат на потребите на граѓаните и да одговорат на истите. Мислам дека тоа е главната улога.

Како го замислувам ЦИВИЛ? Прво соработката секогаш ни била перфектна. Не сме имале недоразбирања затоа што во принцип сме се движеле во ист правец. Ги замислувам како модерна, европска, револуционерна, бунтовна, идеалистичка организација која почна со „граѓанки и граѓани“ и тоа мислам дека остави впечаток кај сите“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ