• Latest

КХАМ од Делчево ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

October 7, 2017

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

КХАМ од Делчево ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

October 7, 2017 17:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На документот доставен до дипломатската заедница од ВМРО-ДПМНЕ, што ЦИВИЛ Медиа го објави како „Дипломатска офанзива на Груевски и соработиците“ реагираше и невладината организација КХАМ од Делчево, исто така обвинети за поткуп на гласачи. 

Во продолжение целосниот демант доставен до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

„Во врска со текстот „Дипломатска офанзива на Груевски и соработниците“, споменато е името на НВО КХАМ, како организација која делува во општините Берово и Македонска Каменица. Во таа смисла се чувствуваме повикани да објасниме и да ги демантираме наодите во текстот и да Ве информираме сите наводи изнесени во текстот, односно од документот кој Груевски го доставува до дипломатските претставништва во Р.Македонија, се неточни и невистинити.

НВО КХАМ, како невладина организација има своја канцеларија во Делчево, Виница и с. Црник-Пехчево и дека нашата организација нема канцеларија во М.Каменица, ниту во Берово и нема никакви проектни или какви било активности во овие две општини кои сеспоменати во документот кој Вие го објавивте.

Овие наводи ние ги сметаме за тенденциозни и се продолжение на начинот на кој Владата на Груевски го практикуваше односот кон невладиниот сектор и кон нашата организација. Па, во таа смисла, илузорни се тврдењата дека НВО КХАМ се впушта во каква и да е политичка кампања. Според нас, сето ова е со цел да се сруши угледот на НВО КХАМ која 19 години работи како граѓанска организација застапувајќи ги интересите на ромската популација и другите маргинализирани групи во регионот. Мора да истакнеме дека нашата матична канцеларија е лоцирана во Делчево и нема релации со Општина Берово и Општина Македонска Каменица.

НВО КХАМ од Делчево е корисник на грантови од ЕУ, РЕФ Будимпешта, РИО, Швајцарската агенција за развој и соработка, како и ФООМ, а во периодот од 19 години колку што постоиме, сме реализирале над 60 проекти во областа на образованието, здравството, вработување, човекови прав и социјална инклузија. Во нашата организација работно се ангажирани 35 лица од трите општини, Делчево, Виница и ц. Црник-Пехчево.

Сакаме да истакнеме дека граѓанскиот сектор е темел на едно демократско општество, носител на демократските промени и кректор на лошите политички на една власт. НВО КХАМ нема потреба да поткупува гласачи за ниту една политичка опција, тоа е одлика на тие што обвинуваат, туку напротив ние ги застапуваме интересите на граѓаните, како и јакнење на свеста кај граѓаните за правото на избор и дека нивниот глас е нивно право. Само на тој начин може да се развива демократскиот капацитет на едно општество“, се вели во дописот на КХАМ од Делчево.

Tags: ДелчеводемантКХАМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ