На инфо-штандот на ЦИВИЛ денеска граѓанките и граѓаните на Скопје имаа можност ги остават своите пораки, размислувања и ставови во врска со претстојниот референдум. Пораките што ги оставија граѓанките и граѓаните беа претежно за поддршка на Референдумот.
„Гласам ЗА“, „Со голема надеж и верба го очекуваме 30 септември, за нашиот народ да види бел ден и да излеземе од тешките канџи“, „Гласам за подобра иднина на нашите деца“, „Гласам ЗА нормална Македонија!“, „Бојкотирам“ – „НеБојкотирам!“… беа само дел од пораките на скопјан(к)и.
Инфо-штандот е дел од проектот „Гласам, значи постојам“, поддржан од Американската амбасада во Скопје.
Д. Муратов