• Latest

„Ќе го уништиме професионалното новинарство“, реагираат дел од онлајн медиумите кои не се согласуваат бројот на вработени да биде услов за регистрирање

March 27, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Ќе го уништиме професионалното новинарство“, реагираат дел од онлајн медиумите кои не се согласуваат бројот на вработени да биде услов за регистрирање

March 27, 2025 15:41
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите, доволно да биде наведувањето импресум, транспарентна сопственост, уредништво, мк домејн и адреса, укажаа повеќето учесници на денешната панел-дискусија за предлог-измените на Законот за медиуми што ја организра Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Како што беше речено, бројот на вработени и некои други построги критериуми кои би можеле да се додадат во законското решение, треба да важат само доколку овие медиуми аплицираат за некаква форма на државни субвенции или пари од кампањи.

На панелот имаше и поинакви мислења, дека е можеби добро онлајн медиумите сепак, да бидат условени при регистрацијата со еден до максимум двајца вработени или дека отворањето интернет портал е бизнис за кој еднакво треба да важат пазарните услови како и за останатите стопански субјекти од медиумската сфера. Поставено беше и прашањето зошто онлајн медиумите се ставени во подредена положба во однос на печатените кои добиваат субвенции. Исто така, имаше предочувања дека некои портали едноставно немаат потреба од повеќе вработени, а сакаат и работат професионално, плаќаат данок и доброволно се регистрирани.

Според дел од дискутантите, „многу е подобро да се регулира прашањето како еден правен субјект може да има 30 портали особено во период пред и за време на избори, отколку да им се наметнува на онлајн медиумите кои ионака тешко преживуваат, да имаат одреден број вработени“.

Една од пораките беше и дека целта на регистарот е транспарентност, да се знае точно кои се медиуми постојат во државата. Не треба воопшто, беше посочено, да се навлегува во приказната за број на вработени во онлајн порталите зашто тоа го прави регистрирањето рестриктивно и таква интервенција не постои во ниту една земја.

Претставникот од Министерство за дигитална трансформација, Мишко Талевски кој ги презентираше предлог-измените, напомена дека тие не се финални и изрази верување дека денеска изнесените забелешки ќе бидат земени предвид. Измените, информира, се на иницијатива на здружението „Онлајн медиа мк“, а предвидуваат и ги обврзуваат онлајн медиумите да имаат импресум, да ги прикажат сопственичката структура, фирмата и седиштето, да имаат регистриран мкд домејн и да имаат најмалку тројца вработени за да можат ако сакаат, на доброволна основа да бидат евидентирани во регистарот на издавачи на онлајн медиуми. Талески ја нагласи важноста од регулирање на оваа сфера со оглед дека, како што потенцира, 70 отсто од јавноста се информира преку онлајн медиумите.

ССНМ останува на ставот дека треба да има комплетно нов закон за медиуми, усогласен со европската регулатива и со европскиот акт за слобода на медиумите.

-Ваквото решение, со овие критериуми кои се ставени во Предлог-законот што сега е во Собрание, е сериозна закана за локалните медиуми, особено за професионалните локални медиуми. Треба да се направи измена и да се намали критериумот за локалните медиуми, специјализираните медиуми и медиумите на заедниците кои, иако се мали, креираат важни содржини и објавуваат информации од јавен интерес. Регистарот на професионални медиуми треба да ги содржи основните критериуми како импресум, сопственост, мк домејн,…, но построгите критериуми како број на вработени и некои други, треба да важат само доколку овие медиуми аплицираат за некаква форма на државни субвенции или пари од кампањи. Најдобро би било тие критериуми да важат за она што лобираме заедно со ЗНМ – формирање фонд за новинарство или фонд за плурализам. Со ова ќе се решат две работи, нема да има благо лиценцирање на онлајн медиумите и ќе се воспостави заштитен механизам за злоупотреба на државните средства, рече претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

Беловски напомена дека речиси една четвртина од населението во Македонија живее во т.н. медиумски пустини. Огромен дел од општините, рече, немаат локален медиум или дописник што е закана за демократијата, бидејќи огромен број граѓани се лишени од професионални и објективни информации и не можат да носат информирани одлуки.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски порача дека е потребно јасно дефинирање на статусот на онлајн медиумите. Не смее, напомена, да бидат дискриминирани специјализираните портали (онлајн медиумите, локалните онлајн медиуми) зашто тие претежно објавуваат вести од локален јавен интерес и се скоро единствените кои објавуваат информации од локален јавен интерес. Чадиковски се осврна и на злоупотребата при поделбата на јавните пари во онлајн медиумите, на државните средства кои политичките партии ги пласираат во медиумите. Тешко дека се медиуми поратлите на кои партиите им даваат државни пари, оцени, дополнувајќи дека сите сме свесни како во повеќе изборни процеси „никнуваа“ разни портали и порталчиња за да можат партиите да остварат дел од своите бизнис интереси преку државните пари.

-Националните медиуми се во многу подобра состојба од локалните, но и покрај тоа, кубуриме со дописници од градовите и кај националните телевизии, а уште повече кај онлајн медиумите кај кои тоа речиси и не постои или е многу малку изразено. Оставени се педесетина локални онлајн медиуми кои на некој начин успеваат или не секогаш да се изборат со своите проблеми за да може да ги информираат граѓаните. Кога има информација од јавен интерес, а доаѓа од Виница или Кичево, ретко ќе најдете национален медиум што таа информација ќе ја објави или ќе и обрне повеќе внимание за да ги информира грашаните од тие локални заедници за тоа што се случува во нивните средини. Како да сме заборавиле дека јавниот интерес е јавно добро и е важен за целата јавност, не само за Скопје. Потребни ни се информации не само од Владата, Собранието, моќните компании, туку и информации што можат да ја направат локалната заедница многу посвесна и поинформирана, а со тоа да биде во можност да носи одлуки, истакна Чадиковски.

Анета Блажевска од „Апла“, Битола опиша што значи да се биде професионален локален медиум. Притоа подвлече дека за неа е невозможно да има тројца вработени.

-Кој како доаѓаше на власт, го разнебитуваше новинарството во Битола. За нас е невозможно да имаме тројца вработени. Нема општествено одговорни компании. Една телевизија имаме, но ни за неа нема реклами. Како ќе се финансираме? Повторно ќе бидеме измеќари на тие што се на власт. Немаме пари да плаќаме кирии, телефони, интернети. За какви редакции зборувате? Нема простор еден да се вработи, јас, на пример, сум вработена како продавачка на четири часа. Со вакви законски решенија не уништувате, ги уништувате професионалните новинари, а ако не уништите, политичките партии ќе си го продолжат тоа што сакаат, да кројат мислење. Си имаат п.р., камермани, фотографи,…, предупреди Блажевска.

Убавка Јаневска од „Дума“, Велес која се согласува онлајн медиумите да бидат регулирани, праша што ќе добијат тие со тоа.

-Прифаќањам да бидам регулирана и ќе плаќам давачки, но што ќе добиеме со регулацијата и зошто сме ние онлај медиумите ставени во подредена положба во однос на печатените кои добиваат и субвенции?, рече Јаневска.

Предлог-измените на Законот за медиуми се усвоени на владина седница и веќе се во собраниска процедура.

Извор: МИА

Фото: ЗНМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ