Пратениците Александар Кирацовски и Благоја Трпевски, од владеачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ, предложија по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои би раководеле со јавното претпријатие во отсуство на директорите.
Со сегашното законско решение, директорот на претпријатието определува вработен кој ќе раководи во негово отсуство.
Со ваквиот предлог, се дава шанса на владеачкото мнозинство да отвори простор за нови партиски вработувања, како што знае да биде праксата во Македонија.
А. П.