• Latest

Ќе ја биде ли работава, комшија?

January 8, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Ќе ја биде ли работава, комшија?

January 8, 2019 11:15
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Влегувам во такси утринава, човекот ме препознава и разговорот веднаш почнува. Чудо како може петминутно возење низ скопските улици да биде повредно и посодржајно од дводневна експертска конференција… „Ќе ја биде ли работава?“ – ме прашува таксистот. Неговото прашање е како ехо што се одбива многу пати од искршената површина на македонската реалност, безброј пати слушнато во годините на отпорот против режимот на Груевски. „Гледаш и самиот“ – му велам уморно.

Џабир Дерала

Купувам дневна доза никотин и „Слободен печат“ во продавницата, кај комшо. Ехото се повторува и понатаму: „Ќе ја биде ли работава?“ – ме прашува комшо. Истите зборови, со истата интонација… Резигнирано… „Гледаш и самиот“ – го повторувам истиот одговор од пред 10 минути, се чувствувам како и самиот да сум станал ехо. Во кафулето од каде што ви пишувам речиси секој ден, се среќавам со познаници и пријатели. Веќе претпоставувате: „Ќе ја биде ли работава?“ слушам уште најмалку два-три пати пред да завршам со „рафалот“…

Разговорот никогаш не се задржува на прашањето што самото по себе значи дека нешто многу сериозно не е в ред. Разговорот најчесто продолжува со лични примери за тоа како старите навики останале, како не се промениле многу работи, како „Животот“ дошол само за малкумина и како од тој „Живот“ најмногу се офајдија токму тие што ги уривавме со години. Луѓето имаат сѐ помалку разбирање за тоа дека „така мораше да биде“. Сфаќаат дека „помирувањето“ е неопходно, но не можат да ја разберат, а уште помалку можат да ја прифатат амнестијата на злосторничката банда.

Овие разговори најчесто имаат три поглавја. Првото е дека старите навики останаа, дека вмровците сѐ уште се на клучни позиции и дека амнестија во овие размери е неприфатлива. Второто е, донекаде, помирување со тоа дека нема правда за криминалната банда, но горчина поради тешкиот живот, коруптивните скандали и отсуството на реформи во сите останати сфери на животот. Отприлика: „Ајде, нека ги амнестираат сите, ако е за повисоки цели, ама што правиме со здравството, образованието, економијата, платите, социјалата…?! Што правиме со партиските вработувања, тендерите, корупцијата?! Што правиме со јавашлакот, ароганцијата, претераната бирократија, двојното оданочување, со законите што останаа да им служат на богатите, со судовите, со шалтерите, со глупавите мерки, со мачкањето очи, со плати-па-жали-се…?!“

На почетокот од третото поглавје од секој разговор со тресок одекнува прашањето: „Па дали треба да се врати претходната власт? Подобри ли беа Грујо и Фамилијата?“ Тоа е мигот кога разговорот доживува пресвртница. „Неееее!“ – е првата реакција, за потоа да се западне во блага летаргија. И… Тоа е стапицата.

Денот продолжува по инерција, со безброј сопки, снаоѓање и маневри без крај, бесмислено губење време, вести за уште некој починат во најблиското опкружување или покана за забава по повод заминување на уште еден роднина, колега или пријател во странство. И многу шум од лажните вести, спиновите и говорот на омразата што одамна излегоа од контрола. За тоа време, лажните пророци, грижливо профилирани во агитпроп машинериите, платени со наши пари, но и со рубљи, го освојуваат просторот и го загадуваат умот. Збунетост, конфузија и разочарување.

Решение? Има. Наместо да се губи време на објаснување и креирање простор за ненаситните уценувачи, може да се почне со спроведување на реформите. Режимот на Груевски (и Ахмети, Ѕинго, Амди…) создаде систем што новата власт (не е веќе ни нова) го освои, наместо да го збрише од лицето на земјата. И… Чекор по чекор, се претопува во него. Тоа е национално единство? Хм…

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографија од авторот: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ