• Latest

Ќе победиме кога нема да мора да пишуваме „женски“ за да не читаат

March 8, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ќе победиме кога нема да мора да пишуваме „женски“ за да не читаат

March 8, 2024 15:47
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, СТАВОВИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

 И на самиот почеток на емисијата, како што е ред, Денис во етерот честита 8 – ми март на женскиот аудиториум, и потоа најавува дека ќе разговараме за филм. Некако веднаш почувствував мала победа дека денеска сум тука да зборувам за некоја друга тема а не за женските права. Точно како и главниот јунак во еден од номинираните филмови за Оскар, „American fiction“ кој не сака нужно да пишува за правата на афро-американците, само заради фактот дека тој има црна кожа.

 Се будам во 6, прилично ненаспана. Проверувам дали детето е стабилно и без температура од претходната ноќ, правам кафе, чај, супа, се туширам, се обидувам да изгледам пристојно за емисијата во која треба да гостувам ( барем да нема ептен хејтање, леле, леле колку остарела ). Во од, се надевам дека колата баш денес нема да ми откаже љубов, планирам од каде ќе испазарам акциски производи, ги мислам другарките, сестрите, сите жени што денеска им е денот да се потсетат дека не се рамноправни и мораат околу ова постојано да се борат, некаде во позадина од свеста ми виси исходот од мамографскиот преглед во понеделник. На сите трескавични мисли, се обидувам да не ја заборавам вклучена пеглата, шпоретот, мислам интензивно на повеќе од една неисправена неправда, и така „натоварена” се насмевнувам одлучно, дека денеска ќе си купам убави цвеќенца и ќе ги посадам од пркос кон се што е грдо, искривено, неправедно, ќе им простам на сите мажи кои својата слабост ја преточија во гнев и не ми ја препознаа и гушнаа мојата слабост, и од пустата патријахална матрица се кастрираат за да сакаат без задршки. Пуштам музика до даска и возам во секојдневна авантура на себеспознание и љубов во сите форми на постоењето. Ве сакам женишта, среќен ви 8- ми март!!!

Овој искрен фб статус морам да го надоврзам со уште неколку реда кои ми се наметнаа како асоцијација од денешниот разговор со нашиот актер (во случајов водител) Денис Абдула во студиото на „Слободен печат“. Имено, поканата за ова интервју е на тема за престојното доделување на Оскарите в недела. И на самиот почеток на емисијата, како што е ред, Денис во етерот честита 8 – ми март на женскиот аудиториум, и потоа најавува дека ќе разговараме за филм. Некако веднаш почувствував мала победа дека денеска сум тука да зборувам за некоја друга тема а не за женските права. Точно како и главниот јунак во еден од номинираните филмови за Оскар,  „American fiction“ кој не сака нужно да пишува за правата на афро-американците, само заради фактот дека тој има црна кожа.

Дебатирајќи го овој филм, во кој толку духовито и луцидно е направена критика на тезата дека „црните“ треба да пишуваат „црно“ затоа што тоа ќе помине кај „белите“ кои ќе пак веројатно малку ќе треба мазохистички да уживаат во засраменоста дека овие другите се гетоизирани и обесправени,  и романот ќе доживее успех, ми се наметна размислувањето за родовите и сите останати стереотипи.

До кога ќе кокетираме со женска литература, женски филм, женско раководење и што уште не, за тоа да биде начин кој ќе го сврти вниманието и да се „продаде “ кај мажите, кај жените?

Клара Цетќин, Роза Луксембург
Клара Цетќин, Роза Луксембург

Повеќе од еден век помина од историскиот исчекор на Роза Луксембург и Клара Цетќин, а ние и натаму ги делиме нештата на машки и женски. Можеби замката лежи токму во прифаќањето на таа поделба, во постојаното акцентирање на разликите? Колку ќе биде едноставно ако се идентификуваме примарно како човечки суштества. Ќе биде далеку полесно и за мажите кои се сетирани од патријахалниот  матрикс  да бидат посилни и тие да го носат товарот на светот. Токму таа неприродна состојба и етикета на „посилни“, е често извор за нивната длабока фрустрација и инфериорност кон жените, која вродува со агресија.

За жал, обесправеноста на жената во најразличен облик е сѐ уште доминантна. Високи се бројките на фемициди, на булинг кон девојчиња, сѐ уште има „цивилизирани“ земји каде што жените се борат за право на абортус, право на образование, право за пристап до поплатени професии…

Верувам дека е блиску денот кога ќе ги спуштиме копјата меѓу Марс и Венера и во зедништво и вистинска рамноправност ќе креираме поубав планетарен амбиент.

Ниту Барби (Barbie,  2023) ниту Кен не се среќни поларизирани во нивните вкалапени улоги а за нештата да станат „почисти“ ( Pure things, 2023 ) , време е да се спротиставиме на предрасудите од кои едниствено профитира глупоста на штета на сите нас.

Извор: Новатв.мк

Tags: 8 март
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ