• Latest

Ќе се бира привремен состав на ДИК

May 22, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе се бира привремен состав на ДИК

May 22, 2018 16:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во продолжение на 46. седница донесе Предлог закон за изменување на Изборниот законик. Законските измени ги поддржаа 80 пратеници, ниту еден не беше „против“ и немаше воздржани. 

Овие измени се усогласени од пратениците од владејачкато мнозинство и опозицијата, и се најавени како времено решение до есен, до кога, како што е најавено, треба да бидат усогласени нови измени во изборното законодавство што ќе го опфатат и Изборниот законик.

Со овие измени се уредува изборот и составот на Државната изборна комисија (ДИК), престанок на функцијата во ДИК пред истекот на мандатот и рокот за предлагање на претседател, потпретседател и членови на ДИК.

Во однос на составот на ДИК се предлага таа да биде составена од претседател, потпретседател и пет члена. Претседателот и потпретседателот на Комисијата се предлага да се избираат од членовите на ДИК кои функцијата ќе ја вршат професионално. Се предвидува членовите на ДИК да се изберат во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон за време од шест месеци.

Освен претседателот и потпретседателот на ДИК седница ќе може да се одржи на предлог на член на комисијата ако предлогот е поддржан од мнозинството од вкупниот број членови на ДИК.

Со измените на Изборниот законик се менува и членот 27 односно условите за избор на претседател,  потпретседател и членови на ДИК. Според предлогот, лицето кое ќе биде избрано за член на Комисијата треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да има завршено високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.

Собранието треба да го огласи изборот на претседател, потпретседател и членови на ДИК во Службен весник и во дневниот печат. Огласот трае осум дена од денот на објавување во Службен весник.

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа. Во измените се предвидува од кандидатите на предлогот на листата, политичките партии во опозиција да предложат претседател и двајца членови на ДИК, а партиите на власт да предложат потпретседател и тројца членови.

Претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Се предвидува исто така на избраните претседател, потпретседател и членови на Комисијата од денот на изборот работниот однос да им мирува.

Функцијата на избраните членови на ДИК пред истекот на мандатот може да им престане, по сила на закон, на нивно лично барање, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, поради исполнување услови на старосна пензија утврдени со закон, поради смрт,  и ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор над шест месеци.

Се предвидува ДИК со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови да може да даде предлог до Комисијата за прашање на изборите и именувањата на Собранието за разрешување на нејзин член поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Претседателот на Собранието ги известува партиите што освоиле најмногу гласови на последните избори во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на законот.

Со измените на Изборниот законик се предводува на Асани Салија да и престане мандатот со нивното стапување во сила, додека генералниот секретар на ДИК ќе ја извршува функцијата до изборот на нов. (МИА)

Tags: ДИКизборен законикСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ