• Latest
Пожари во Малешевијата (стоп-кадар од снимка на А. Петровски/ЦИВИЛ)

Ќе требаат 20 до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

August 10, 2021
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Ќе требаат 20 до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

August 10, 2021 10:36
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Пожари во Малешевијата (стоп-кадар од снимка на А. Петровски/ЦИВИЛ)

Пожари во Малешевијата (стоп-кадар од снимка на А. Петровски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива, пишува „Мета“.

Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е незаменливо. Иако во последните децении, особено институциите, во шумите гледаат само економски потенцијал што би можеле да го искористат, сепак, еколошкото значење е многу поважно и поголемо. Тие го спречуваат прегревањето на планетата, создаваат кислород и се дом на многу растителни и животински видови.

Во моментов институциите немаат прецизни податоци колкава површина шума е изгорена, ниту пак, во која состојба се пределите зафатени во летните пожари.

Директорката на јавното претпријатие „Национални шуми“, Јулиана Николова, вели дека штетата дополнително ќе се утврдува, но заклучок може да се донесе уште од сега: За санација ќе биде потребно многу, многу долго време!

„Проценките на Шумарскиот факултет велат дека за обнова на изгорени површини треба од 20 до 50 години. Јас сметам дека е пореално да очекуваме дека ќе ни требаат пет децении, отколку две, за да дојдеме до фазата во која се наоѓала шумата која изгорела. Тоа е страшно долг период, што пожарите кои ни се случуваат ги прави катастрофални. Во идниот период ќе следува и проценката на штетите во зависност од видот и намената на дрвото кое изгорело“, вели Николова.

Повици за подобрување на можностите за превенција и брза реакција

Штетата е ненадоместлива со оглед дека се уништени постоечки екосистеми кои, секако, не може да се реставрираат во брзо време, реагираат и екологистите од „Еко Свест“. Тие апелираат да се открие дали шумите се палат намерно, но и да се подобрат можностите за брза реакција и превенција.

„Во период кога се бориме со климатски промени и суша токму екосистемските услуги што ги нудат старите шуми стануваат најважни. Дали шумата е запалена од невнимание или намерно не можеме да знаеме, тоа останува институциите да истражат и да санкцонираат. Меѓутоа, целата ситуација само покажа колку не сме подготвени брзо да реагираме и да се справиме со шумските пожари“, велат од „Еко свест“.

Директорката Николова вели дека се почестите гласини во јавноста дека голем процент од пожарите во овој период од годината се намерно подметнати, не се докажани. Сепак, потврдува дека изгорените дрвја имаат употреба и се користат правење пелети или му се даваат на локалното население да ги користи за огрев.

„Да се палат шуми со намера за мене е монструозно и неприфатливо дело. Доколку се случи сторител на намерно предизвикување на шумски пожар да биде фатен на дело, служби имаат обврска го проследат на надлежните судски органи, кои понатаму ги утврдуваат фактите и постапуваат согласно законските прописи“, посочува Николова.

Фото: Генералштаб на АРМ

Од Национални шуми информираат дека од почетокот на годинава до јуни, според податоците добиени од Електронскиот систем MKFFIS, преку статистичките листови кои ги доставуваат подружниците и електронските месечни извештаи на шумочуварската служба, имало 55 пожари во кои настрадале 761 хектари шума и изгорела над 5.000 кубни метри дрвна маса. Штетата се проценува на над 450.000 евра. Сепак, најголемите штети настанати во летните пожари, посочуваат, допрва ќе се бројат.

„Податоците сè уште се прибираат и обработуваат, заради тоа што има активни пожари и нашите мобилни екипи од вработени од подружниците сè уште се борат со огнената стихија. После извршените теренски увиди, записнички потврдени од страна на инспекторите од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, сите податоците за настанатите пожари ќе бидат доставени преку статистичките листови од подружниците на ЈП Национални шуми“, велат од јавното претпријатие.

 

Модерната технологија, иако скапа, може да биде многу ефикасна

И екологистите и јавното претпријатие се согласни дека преземањето на различни мерки за превенција и едукација, како и измена на одредени закони се најдобриот начин да се заштитат шумите од пожари. Директорката Николова вели дека неопходно е воведувањето на модерни технологии, кои можат да го надоместат недостатокот на човечки кадар во чувањето на шумските површини.

„Клучни фактори се подигнување на свеста на граѓаните, преку постојано апелирање до сите граѓани на крајно внимание и одговорност да ги зачуваме шумите од пожари со добро осмислени кампањи за важноста на шумите, како и совесно однесување од страна на сите посетители на шумите. Од друга страна, во преговори сме за обезбедување на смарт системи со сензори за рано детектирање на пожари. Тоа е скапа технологија, еден сензор чини и по 400.000 евра, но веќе се користи во регионот, на пример во Хрватска. Сензорот во голем радиус детектира дим и алармира уште во раните стадиуми, а технологијата е толку напредна што може да предвиди на каде може да се движи пожарот или со која јачина да биде“, посочува Николова. Јавното претпријатие, вели, нема значаен буџет за инвестиции, па воведувањето технологии ќе мора се прави во соработка со Владата или со други претпријатија со слична дејност.

 

Екологистите укажуваат на нелогичности кај јавното претпријатие и националните паркови

Екологистите, пак, укажуваат и на други пропусти особено поврзани со сечата на огревно дрво. Од „Еко свест“ велат дека овој бизнис е златна кокошка на домашната сива економија, особено ако се земе предвид проценката дека продажбата на огревно дрво вреди близу 140 милиони евра годишно, од кои половина отпаѓаат на нелегална сеча. Од 2,1 милиони кубни метри огревно дрво кое што годишно се сече и гори за потребите на населението, повеќе од половина не е исечено на легален начин. Тие бараат итна и суштинска реформа во „Национални шуми“ како и зајакнување на инспекцијата и мониторингот на терен. Проблематично, според нив, е што и националните паркови, кои мора да се најзаштитени предели, се оставени најголемиот дел од средствата да си ги обезбедат самите преку сеча на дрво, состојба која мора итно да се смени.

„За прв пат по 60 години се прогласува нов национален парк „Шар Планина“ што е голема можност да се увиди дека моделот со којшто парковите сами си ги обезбедуваат парите од сечата на шумите е несоодветен и е исклучок од примерите во светот. Над 80 отсто од приходот на НП Маврово доаѓа од комерцијална сеча на шумите во паркот. Тоа е исто како еден директор на болница да ги продава органите на своите пациенти за да може да обезбеди средства за болницата“, велат од „Еко Свест“.

Извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ