„Во 2013 година ме осудија на 4,5 години затвор, во 2015 Апелација кажа „само“ 2 години… А денеска обвинителството „на Рускоска“ ме осуди на казна – ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР… Само го разбудивте ѕверот во мене… Ви се колнам…
П.С. Ви благодарам од срце на сите за поддршката што ни ја давате… Јас, ве уверувам, НЕ СЕ ПРЕДАВАМ!“, напиша новинарот Томислав Кежаровски, откако денеска обвинителството одлучи дека нема да има повторно судење за „Ликвидација“ поради застареност на делото.
Реакцијата на Кежаровски се должи на фактот што со оваа одлука на обвинителството тој нема можност пред судот да ја докаже својата невиност, односно да ја докаже погрешната одлука за негово притворање, како и за голготата низ која поминуваше неговото семејство.
М. Ивановска