• Latest

Кијивскиот театар „П.К. Саксагански“ на Охридско лето со театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир

July 26, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Кијивскиот театар „П.К. Саксагански“ на Охридско лето со театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир

July 26, 2022 16:17
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кијивски академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ од Кијив, Украина, ќе се претстави на овогодишното 62 Охридско лето со театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир. Претставата, во режија на украинската театарска режисерка и кураторка Викторија Шевченко, ќе се одигра на 1 август во предворјето на Св. Софија.

Кијивскиот академски регионален музички и драмски театар именуван по П.К. Саксагански е најголемиот и најстар театар во регионот на Кијив. Основан е во 1934 година. И покрај академското име, Академскиот театар за музика и драма е многу иновативен.

Денес Кијивскиот академски регионален музички и драмски театар сè уште продолжува пријатно да изненадува со маестрални изведби. Репертоарот на театарот вклучува многу изведби на дела од странски и домашни класици (Шекспир, Оскар Вајлд, М. Кулиш, И. Франко итн.) како и различни дела од современи писатели и композитори. Репертоарот вклучува околу 75 изведби и концерти. Еден од најпопуларните проекти е претставата „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир во продукција на талентираната и млада режисерка Викторија Шевченко.

Режисерката додаде нови бои и слики на сцената, со кои блесна поемоционално и пошироко. Светлите костими и извонредната театарска шминка прецизно го пренесуваат карактерот на целата продукција.

Дејството се одвива  околу Кетрин (Кејт), ќерката на Баптиста и нејзината сестра – Бјанка. Кетрин нема додворувачи затоа што не е конвенционално привлечна, туку посериозна, таа е озлогласено итра и изгледа дека ги мрази мажите. Така на кој било маж тешко му е да се справи со неа. Бјанка е слатка, природна и убава, но не може да се омажи пред постарата сестра да го стори тоа. Петручио е господин од Верона кој се согласува да се ожени за Кетрин поради нејзиното големо богатство.  Дејството во претставата  се одвива токму кон напорите за нејзиното скротување. Оваа претстава е една од најпопуларните низ целиот свет. Во голема мера поради темите кои се однесуваат на скротувањето на опакоста (брак, обврски, идентитет, семејство), и со тоа претставата доживеа голема популарност низ годините, иако е тешко да се следи точната историја на нејзината изведба.

Режисерката Викторија Шевченко е родена на 27 април 1992 година. Таа е украинска театарска режисерка и кураторка. По студирањето на Кијивскиот национален универзитет „ И.К. Карпенко – Кари“ за театар кинематографија и телевизија, ја започнала театарската кариера. Во 2013 година, Викторија Шевченко ја организира и менаџира драмската претстава „Не допуштајте му да љуби две одеднаш…“ според претставата на М.Старицки, „О, не оди, Грица“ како нејзин дипломски проект. Оваа претстава се здобила со признанија и била изведувана неколку години на различни сцени. Во тој период  ја гледале бројни интелектуалци и активисти. Во 2016 година Шевченко започнала да работи како уметнички директор на Кијивската палата за деца и млади. Во 2018 година, започнува со работа во Кијивскиот регионален театар за музика и драма именуван по П.К. Саксагански, како режисерка. Во 2019 година, Викторија ја постави драмската претстава „Кротењето на опаката“ од В. Шекспир. Од 2020 година работи како режисерка во „Украинскиот академски музички и драмски театар  М.Кропивницки“. Меѓу нејзините позначајни дела покрај горенаведените се: „Ромео и Јулија“, „Алиса во земјата на чудата“, „Тие“, според претставата на М.Стефаник, „Наталка Полтавка“ според делото на Иван Котлиаревски, „Вујко Вања“ според  Антон П. Чехов.

Во главните улоги настапуваат: Всеволод Шекита, Роман Вдовика, Владислав Дубинин, Свитлана Лановенко, Владислав Красиков, Мархарита Овчарова и повеќе други украински актерки и актери.

М. Д.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ