• Latest

Кина и 17 земји од ЦИЕ усвоија Скопска декларација со план за активности во културата во 2020 и 2021

November 25, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кина и 17 земји од ЦИЕ усвоија Скопска декларација со план за активности во културата во 2020 и 2021

November 25, 2019 14:24
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учесниците на 4. Форум за културна соработка помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа ја усвоија Декларацијата од Скопје и го одобрија Планот за соработка за 2020 и 2021 година.

Во присуство на премиерот Зоран Заев, Декларацијата ја усвоија министрите за култура на Кина, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, и Словенија, како и претставници од министерствата за култура или амбасадори од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.

Во овој финален документ од Форумот се нагласува поддршката на активностите на Центарот за координација на културната соработка помеѓу Кина и земјите од ЦИЕ кој минатата година во март беше отворен во Скопје, по одлуката од третиот форум за култура што се одржа во кинескиот град Хангџоу. Тие го поздравуваат и развивањето веб-платформа на Центарот, која ќе биде алатка за размена и промоција на информациите и идеи од културата. Од секое министерство за култура на 18-те земји ќе биде назначен експерт одговорен за ажурирање на веб-платформата за културна соработка.

Во Планот за соработка за наредните две години учесниците на Форумот се обврзуваат да ја унапредат и зацврстат културна соработка, со посебно внимание на теми за промоција на културното наследство, продукција и дистрибуција на филм, културни и креативни индустрии, современа уметност.

Предвидена е идеја да се здружат најпознатите музичари од сите земји членки на 17+1 во еден оркестар кој ќе ги изведува најпознатите симфониски дела на меѓународни фестивали во секоја од земјите. Планирано е да се формира координативно тело за размена на уметници и изведувачи и музички програми.

Меѓу активностите што се планирани за во нашата земја, Планот предвидува во септември 2020  Скопје да биде домаќин на вториот Форум на Унијата на библиотеки помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Организатор ќе биде Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Во септември идната година, исто така, Кина и земјите од ЦИЕ ќе учествуваат во работилница на Агенцијата за филм што ќе се одржи  на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Во април-мај 2021 година, пак, во регионот Пелагонија се планира третиот Форум за културно наследство на тема за средниот век и поствизантискиот период. Центарот за координација на културната соработка помеѓу Кина и земјите од ЦИЕ ќе биде главен организатор на овој форум во чии рамки ќе се одржат и работилница за фрескописи и заштита на фрески.

Земјите во Процесот 17+1, според двегодишниот план, ќе ја зацврстат соработката и во областа на  културните и креативните индустрии, за што во јули 2020 ќе биде организирана работилница во Охрид. Посебен акцент ќе се стави на традиционалната изработка на накит, филигранска уметност и охридскиот бисер.

Во завршните одредби на Скопската декларација се посочува дека имплементацијата на оваа програма за соработка да зависи од финансиските ресурси достапни на земјите учесници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ