Откако Димитар Апасиев јавно се пожали дека за партијата Левица нема место во етерот на Телевизија Телма, главниот уредник Атанас Кировски му одговори на Апасиев.
„Димитар, може да гостуваш на ТВ Телма кога сакаш. Ама од некоја позиција која ти прилега. На пример: како професор, правен експерт, критичар на Договорот од Преспа… Ама како левичар не може да гостуваш, затоа што не си левичар“, напиша Кировски.