Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли изјави дека најбрзиот и единствениот пат кон мирот во Европа е да и се обезбеди на Украина оружје кое и е потребно за да ја победи Русија, објави Тајмс оф Малта, пренесува Укринформ.
„Како и сите авторитарни владетели, Путин одговара само на силата на неговите противници. Тој го отфрли планот од 10 точки на Володимир Зеленски за мир минатиот декември. Затоа Обединетото Кралство и пријателите на Украина прават се што можат за да и донесат успех на Украина на бојното поле. И затоа сум воодушевен што Германија и САД се придружуваат на ОК во испраќањето тенкови на Украинците. Да им се даде на Украинците алатките што им се потребни за да ја завршат работата е најбрзиот – навистина единствениот – пат до мирот“, напиша тој.
Тој истакна дека руската неиспровоцирана и брутална инвазија на Украина пред една година е најголемата закана за безбедноста на Европа од 1945 година, нагласувајќи дека амбициите на Владимир Путин не завршуваат со освојување и анексија на Украина.
Според Клеверли, Украина го сноси товарот на дивјаштвото на Путин, но целиот свет плаќа превисока цена за изборната војна на Путин.
„Цунами од глад им се заканува на најсиромашните земји во светот. Зголемените цени на енергијата ќе турнат милиони назад во сиромаштија, ширум светот… Тој [Путин] сака да ја наруши светската политика и да го повика времето на меѓународниот поредок. И ако успее, ќе не повлече сите назад во доба на насилство и освојување. Но, не можеме и нема да дозволиме Путин да победи“, напиша тој.
Предходно, британскиот претставник во ОБСЕ, Јан Стабс, рече дека е важно Украина да добие оружје од своите партнери не само за одбрана на својата територија, туку и за истиснување на руските војници, ослободувајќи ги сите окупирани региони.
Подготви: Д. Мишев