• Latest
Фото: МИА

Клучните датуми од конфликтот Израел-Хамас

October 8, 2024

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Клучните датуми од конфликтот Израел-Хамас

October 8, 2024 21:26
in АКЦЕНТ, ВОЈНА ВО ГАЗА, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Една година крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати училишта, градинки и болници со илјадници мртви цивили, жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… Една година по нападите на 7 октомври (2023), војната продолжува да беснее меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. И покрај напорите да се постигне дипломатско решение за мир, борбите сега се проширија и во Либан.

ЦИВИЛ Медиа се осврнува на клучните 12 датуми на овој конфликт.

7 октомври 2023 година

Палестинската милитантна група Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, ја започна офанзивата „Поплава Ал-Акса“ – именувана по џамијата Ал-Акса во Ерусалим, третото најсвето место во исламот. Групата, која Израел, САД и ЕУ ја класифицираат како терористичка организација, истрела околу 5.000 ракети кон јужен Израел и испраќа десетици вооружени командоси преку безбедносната ограда на Газа кои киднапираат, мачат и убиваат без разлика на возраста или полот. Според израелските податоци, загинале 1.189 луѓе. Други 251 се земени како заложници од кибуцимските заедници кои се граничат со Појасот, како и од музичкиот фестивал Племето на Нова транс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавува дека земјата е во војна.

8 октомври 2023 година

Израел ја започна „Операцијата Железни мечеви“, изведувајќи интензивни бомбардирања низ Појасот Газа. За само 48 часа се мобилизирани речиси 300.000 резервисти.

17 октомври 2023 година

Силна експлозија ја погоди болницата Ал-Ахли во градот Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека билансот на загинатите е 471 лице и стотици повредени. Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад го обвинија Израел дека стои зад смртоносниот напад, што Израел го негира. Голем број меѓународни медиуми сугерираат дека нападот може да биде резултат на погрешно испукана ракета од Газа.

21 октомври 2023 година

На првите камиони со хуманитарна помош им е дозволено да поминат низ преминот Рафах меѓу Египет и Газа за да ги пренесат итно потребните гориво, храна и лекови за Палестинците.

15 ноември 2023 година

Израел ја опсадува болницата Ал-Шифа, најголемата во Газа, обвинувајќи го Хамас дека го користи комплексот како воено командно место. Целата болница, во која се засолнуваат стотици Палестинци кои избегаа од борбите, израелските сили целосно ја евакуираат три дена подоцна. И други болници ќе бидат цел на израелската војска во неделите и месеците што доаѓаат.

24 ноември – 1 декември 2023 година

Прогласено е првото примирје меѓу Израел и Хамас. Привремената пауза во борбите овозможува ослободување на 105 израелски, двојни државјани и странски заложници – главно жени и деца – во замена за ослободување на 240 палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори. Дозволена е хуманитарна помош да стигне и до Појасот Газа. По седум дена примирје, секоја страна ја обвинува другата за прекршување на договорот.

26 јануари 2024 година

Меѓународниот суд на правдата, одговарајќи на случајот поднесен пред него од Јужна Африка му наредува на Израел да ги преземе сите можни мерки за да ги спречи геноцидните акти во Газа. Истиот ден, агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) отпушти неколку вработени обвинети од Израел дека биле вмешани во нападите на 7 октомври. По водството на САД, голем број земји донатори го прекинаа своето финансирање на агенцијата. Сите освен САД подоцна ќе продолжат со нивното финансирање.

25 март 2024 година

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. САД, кои досега го користеа правото на вето во неколку наврати за да блокираат слични резолуции, беа воздржани.

13 април 2024 година

Техеран се одмазди за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, со истрелување на повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел – првпат Исламската Република да изврши директен напад на израелска територија. Повеќето од ракетите се соборени со помош на САД и другите сојузници во регионот, откако претходно им беше дадено известување за претстојниот напад од иранската влада.

5 мај 2024 година

Владата на Бенјамин Нетанјаху ги затвори канцелариите на катарскиот канал „Ал Џезира“ во Израел.

17-18 септември 2024 година

Во текот на два дена, илјадници пејџери и воки-токи за кои се верува дека им припаѓаат на членовите на Хезболах експлодираа во Либан и Сирија, при што загинаа десетици луѓе – меѓу кои и повеќе деца – и беа повредени илјадници други.

1 Октомври 2024

Иран изврши ракетен напад врз Израел, откако израелските трупи го нападнаа Либан, во она што израелската војска го нарекува „ограничена, локализирана и насочена копнена операција против Хезболах“.

Крвта на недолжните цивили продолжува да се лее, додека светот се обидува да (не) најде решение за овој ужасен конфликт. Крвта од Газа се прелеа и во Либан. А, во меѓувреме, Иран си ги тестира ракетите, а светот е во исчекување на одговорот на Израел.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ