• Latest

Коалиција Маргини: КСЗД треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

November 10, 2021

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Коалиција Маргини: КСЗД треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

November 10, 2021 10:02
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „ХОПС Опции за здрав живот“ и Мрежата за заштита од дискриминација поднесоа претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за случај на индиректна дискриминација врз основа на здравствен статус, соопшти коалицијата Маргини.

Во врска со случајот од коалицијата посочуваат дека на жена која во минатото се лекувала од хепатит Ц не ѝ било овозможено приватно здравствено осигурување. Приватната осигурителна компанија не им го овозможува ова право и на други лица кои во минатото или во моментот се лекуваат од различни болести. На тој начин осигурителните компании вршат дискриминација врз основа на здравствен статус и припадност на маргинализирана група кон луѓето што употребуваат дроги и други групи на пациенти кои се лекуваат од различни хронични болести, информираат од коалицијата.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапувајќи по претставката, како што истакнуваат, донесе мислење со кое не утврди индиректна дискриминација по основ на здравствена состојба кон лицата кои употребуваат дроги, но и кон останатите лица со хронични заболувања.

Според Комисијата, избегнувањето на ризик од финансиска загуба преставува легитимна цел за да се дискриминираат различни групи на пациенти без разлика дали во моментот се лекуваат или се излечиле од некоја болест. На овој начин, Комисијата неправилно го применува Законот за спречување и заштита од дискриминација што дефинира што може да биде легитимна цел, како: „целта за чие остварување средствата треба да соодветствуваат со реалните потреби во конкретен случај, да се однапред прецизно дефинирани, да се неопходни за остварување на таа цел, како и да се пропорционални на ефектите што треба да се постигнат“. Дали според Комисијата профитот на осигурителната компанија е реална потреба а дискриминацијата на пациентите е неопходен начин да се оствари таа цел?!, прашуваат од коалицијата и потенцираат дека оваа практика е спротивна на меѓународните стандарди во областа.

Според Европската конвенција за човекови права, како што истакнуваат, легитимни цели за ограничување на правата можат да бидат државната безбедност, заштитата на здравјето и моралот, заштита од криминал и заштита на правата на другите. Профитот на приватните компании не може да се смета за поважен од еднаквоста на граѓаните како нивно уставно и меѓународно признато право.

Комисијата се повикува на одредбите од областа на приватното здравствено осигурување без да се земе предвид дека дискриминацијата некогаш потекнува од самите закони. Ако нешто е уредено во закон не значи дека не може да биде дискриминација. Притоа треба да се има предвид дека овие лица се целосно исклучени од правото на приватно здравствено осигурување. За лицата кои имаат хронични заболувања кои влијаат на обемот на здравствени услуги кои ги примаат, компаниите можат да предвидат начин на плаќање и пресметување на реалните трошоци за лекување, но не и целосно исклучување од правото. Имајќи предвид дека оваа Комисија согласно Законот треба да претставува експертско и независно тело за спречување и заштита од дискриминација особено загрижува фактот што тоа тело не е доволно сензитивно во однос на прекршувањето на правата на маргинализираните заедници, каде спаѓаат и различни групи на пациенти, хронично болни и луѓе кои употребуваат или употребувале дроги, соопштија од коалицијата Маргини.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ