• Latest
Пензионери пред банка (2020) / фото: МИА

Кога не знаеш што да понудиш, смени го законот

November 13, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога не знаеш што да понудиш, смени го законот

November 13, 2020 11:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Пензионери пред банка (2020) / фото: МИА

Пензионери пред банка (2020) / фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Во собраниска процедура влезе предлог за промена на Законот за работни односи со која се менува членот 104, кој со оваа измена би гласел: „Договорот за вработување  работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено.“

Според мене, ова е уште едно неписмено, бесмислено, избрзано и, апсолутно, еднострано менување на Законот за работни односи од страна на власта со цел натамошна партизација на јавниот сектор и ухлебување на партиските војници.

Да не се лажеме, овде не станува збор за остварување на право на работникот на пензионирање и остварување на права поврзани со пензијата (тоа се регулира со сосема друг закон), туку за прекин на договорот за работа, или, за право на работодавачот да го прекине договорот за работа заради исполнување законски услов.

На работникот не му е дадена можност да бира, ниту пак му е дадена можност да биде индивидуално третиран согласно личната подготвеност за остварување на работните обврски, физичките и психички карактеристики, работното место кое го има.

Дел од работниците на ваков начин ќе бидат присилени да одат во пензија со минимален износ на пензија кој не задоволува ни минимум од потребите на еден човек.

Неспорно е дека секоја година се зголемува просечната возраст на живеење, што логично подразбира и зголемување на работниот век на луѓето.

На пример, во 2009 година: просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 68.6 години, а за жените 73.5, додека во 2019 година: просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 76.0 години за жени.

Не случајно во ЕУ државите се следи овој тренд и се зголемува можниот праг на пензионирање, односно, се зголемува работниот век.

Со ваков потег, државата сама себе се лишува од искусни професионалци за чии обуки се потрошени средства и време и чија работа е во основата на плановите и стратегиите кои се формулираат на ниво на држава.

Самиот предлог за промена на Законот не нуди никаква анализа (на актуелната состојба која довела до потреба од промена на Законот), никакво образложение (за понудената промена), ниту еден аргумент (зошто баш ваква промена а не некоја друга), ниту пак проекција за резултатите кои се очекуваат од промената (за работниците, за работодавачите, за економијата, за јавниот сектор, за заштитата на човековите права и за целта која во крајна линија треба да се постигне, а е изгубена во маглата на неизвесноста).

Нема ниту еден збор за тоа, што значи и на кој начин ќе се постигне да се: “… отстрани нарушениот  принцип на двостраност во уредувањето на работниот однос и  ќе се прецизира условот за прекин на договорот за вработување поради возраст на работникот и минималниот пензиски стаж.“

Во предлогот е пласирана ординарна и бесрамна лага дека: “Спроведувањето на овој закон не предизвикува финансиски последици врз Буџетот на Република Северна Македонија.“

Како тоа 6.000 нови пензионери кои ќе остварат побарувања од Пензискиот фонд, нема да подразбираат и потреба од интервенции во овој фонд?

Останува енигма што значи оваа промена за самовработените, за семејните бизниси, за слободните уметници, за занаетчиите и за сезонските работници.

Она што јас го гледам во понудената промена е:

  1. Задржување на сите кадри кои земаат плата, а не се појавуваат на работните места и на сите вработени со партиска книшка и единствено заради припадност на конкретна политичка партија, односно, отворање место за уште една транша партиски војници кои ќе ги пополнат испразнетите места.
  2. Пониски критериуми за вработување и пополнување на раководни позиции со луѓе без никакво искуство и уништување на професионалноста во отсуство на реални услови за практично оспособување на младите кадри и постепено кариерно напредување.
  3. Воспоставување лажна дилема: вработување млади кадри или останување на работа на постари кадри, наместо развојна стратегија на широк работен опфат и проекција за што е можно поголемо искористување на сите работни капацитети на државата.

Ова е мерка на власт која нема појма како да реши сериозен проблем со кој се соочува и се обидува со парацетамол да лекува гангрена, посочувајќи го моменталното симнување на температурата како показател за успешно применета терапија.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ