• Latest
д-р Сашо Орданоски

Кога злото станува банален принцип на „објективноста“

March 6, 2022

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога злото станува банален принцип на „објективноста“

March 6, 2022 08:00
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
д-р Сашо Орданоски

д-р Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Да се напише долг трактат за цензурата (по повод блокирањето на емитувањето на Раша Тудеј и Спутник) и ниту еднаш да не се спомне ниту поимот ниту значењето на јавниот интерес, тоа е или базично неразбирање или интелектуална мрзеливост за тоа што треба да биде улогата на професионалните медиуми во интерес на јавноста. Тој пристап не разбира дека цензурата (во демократски општества) е дериват на принципот на јавниот интерес, а не обратно.

Што значи тоа и во теорија и во практика?

Наједноставната дефиниција на јавниот интерес е дека со него треба да се препознава и заштитува добросостојбата на јавноста, за којашто самата јавност има интерес, што ја легитимира власта таа област да ја регулира. Во демократските општества содржината на регулацијата е резултат на јавни, општи и стручни дебати, коишто потоа се преточуваат во законски норми (или „препораки“). Тие дебати не треба никогаш да престанат, бидејќи јавниот интерес не е статичен и не се однесува само на базичните права на луѓето, туку неговата регулација зависи од развојот (или регресијата) на вредностите, интересите и начините за пренос на масовни информации во општествата, особено во вонредни ситуации (војни, пандемии, природни катастрофи од големи размери и сл.). Дебатата, посредувана од медиумите, е во доменот на јавноста, а регулативата е во доменот на државата, која е демократски институционален производ на јавноста. За ова, се надевам, не треба да се води дополнителна голема расправа, бидејќи овие теми, во обемната политиколошка и комуниколошка теорија која се занимава со модерната демократија (за кои паралелите со ранохристријанството и крстоносните војни се петпарачки дигресии), се обработени во стотици илјади томови стручна и популарна литература.

Каква е практиката на заштитата на јавниот интерес и начинот за кој се информира јавноста во Македонија, конкретно, во случајот со воената агресија на Русија врз Украина?

Квантитативната анализа на агенцијата „Пикаса“, објавена во четвртокот (во која се опфатени дури 400 дигитални медиуми во државава), покажува дека во текот на февруари месец годинава се објавени 41.113 вести (со оглед на развојот на настаните, за март бројката ќе биде, веројатно, тројно поголема), од кои во близу 60% од случаите не се наведува изворот (или се вели „според украинските… руските… светските“ медиуми), а во 18.8% се наведуваат конкретни меѓународни извори, во 9% се руски извори и само 3% украински извори. Од меѓународните извори најцитирани се Ројтерс, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен, а од руските агенциите ТАСС и РИА, како и Спутник.

Не треба човек да е професионален новинар, а не пак уредник со долгогодишно искуство, за да процени дека македонската јавност има комплетен увид во „спектарот на настаните“ во Украина. Не постои вест, изјава, толкување или настан што, во медиумите, е (намерно) скриена од македонската јавност, за што сведочи и живата дебата по медиумите за семожните аспекти на војната, нејзините причини, тек и последици. За професионалноста во пристапот на македонските мејнстрим медиуми можеме да расправаме со недели (и за тоа дали, и зошто, имале или немале дописници во Русија и Украина), но граѓаните (македонската јавност) не се третираат како „овци“, бидејќи тие тоа не се. На пример, во медиумските платформи што ги уредувам јас и колегите од „Слободен печат“ се трудиме месечно да гостуваат, да коментираат или да се пренесуваат ставови од стотици соговорници/пишувачи на оваа тема (освен оние кои од разни причини одбиле да го кажат своето мислење), а не постои агол на кризата што новинарски не е „покриен“. Тоа е она што „од петни жили“, секојдневно, „волтеријански“ се трудиме и го правиме.

Дали е македонската јавност и јавноста во десетици други демократски држави неправедно информативно „оштетена“ со одлуката на нивните влади да го прекинат емитувањето на Раша Тудеј и Спутник, на што се спротивстави (меѓу другите) и Европската федерација на новинарите? Дали поддршката на ваквата одлука ги прави новинарите, во принцип, „општествено-политички работници“, а несогласувањето со неа врвни професионалци и корифеи на слободата на јавното изразување?

Одговорот – да се вратиме на почетокот од овој текст – се крие во вреднувањето на јавниот интерес, наспроти оправдувањето на цензурата. Раша Тудеј и Спутник се неспорна и влијателна пропагандна медиумска индустриска алатка на режимот на Путин, кои се во служба на поддршка на крвавата руска агресија врз Украина. Тоа никој, па ни оние кои во демократскиот свет се противат на таквата одлука, не го спори. Според тоа, прашањето е дали, во принцип, е јавен интерес да се овозможи масовно пропагирање на непредизвикана масивна воена агресија врз демократска, суверена соседна земја, за да се овозможи „избалансирано“ информативно толкување на агресијата? Или, провокативно кажано, според истиот принцип, имал ли право Хитлер да бара неговата ужасна вистина (без наводници) да биде подеднакво пропагандно овозможена (и бранета од „професионалците“, наспроти „општествено-политичките работници“ во новинарството) во демократскиот свет, со вистината на шесте милиони Евреи (меѓу кои 1.5 милиони деца) истребени во нацистичките концентрациони логори?

(Се извинувам што, во уредувачка медиумска смисла, „Пет минути за Хитлер, пет за Евреите“ звучи грубо за нежните „волтеријански“ уши, но, патем, локалниве слободоумни коносери што, по малку кафеански, го цитираат Волтер, и не знаат дека тој никогаш не ја изрекол реченицата „Не се согласувам со тоа што го велите, но до смрт ќе го бранам вашето право тоа да го кажете“, туку е тоа само илустрација, толкување на Евелин Хол, една од многуте биографери на Волтер, за прв пат објавена во 1903 година, за ставовите на самиот Волтер… И тн.)

Односно, дали љубителите на вистината (без наводници) мислат дека сите „вистини“ треба да бидат подеднакво пропагандно овозможени во интерес јавноста, за таа информативно да не се третира како „овци“?

Мојот став за тоа е во одбрана на јавниот интерес, како прво начело на професионалното новинарство. И, да, како во случајов, со комплетно и директно пренесување на ставовите на Путин, без масовното и директно изложување на јавноста на неговата разработена воена пропаганда. Последиците од таквите пропаганди (се разбира, тоа не е само Путинов „специјалитет“) совршено се вклопуваат во толкувањата на Хана Аренд за феноменот на нацистичката „банализација на злото“, па и сега и овде на Балканот (и во Македонија), каде совршено нормални луѓе паѓаат во стапицата да оправдуваат и спроведување масовни зла за некакви „повисоки“ (геополитички, големодржавни, „принципиелни“, мултиполарни, сферо-интересни?!) цели. Тие цели обилно ги пропагираат Раша Тудеј и Спутник.

(Алузиите дека „западните“ Би-Би-Си, Дојче Веле, Ројтерс итн. се во војната во Украина, по својот професионален и уредувачки пристап, исто што и Раша Тудеј и Спутник, на пример, е дебата за која не чувствувам потреба овде дополнително да се аргументира со ставови на долгогодишни угледни новинари, бидејќи верувам дека е тоа посоодветно за „баналноста  на ставовите“ искажани по социјалните мрежи.)

Драгоцена е демократската расправа со оние кои со тоа (со мене) не се согласуваат, бидејќи така се штити и развива, токму, јавниот интерес, а и се изоструваат „нишанските справи“ кога важната и секогаш поединечно аргументирана дебата за или против конкретна цензура е во прашање.

Под услов да не се навредуваме или фалиме со тоа кој каков новинар или уредник бил во оваа компликувана новинарска професија, особено кога комплексностите на војните се во прашање.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ